Моите рецепти - Здравје на мени

Леб со ‘ржано интегрално брашно и пченично интегрално брашно

27 мај, 02:27

Потребни состојки:
500 гр. ′ржано интегрално брашно
300 гр. интегрално пченично брашно
20 гр. свеж квасец
1 кафена лажичка сол
350 - 400 мл. млака вода за замесување

Подготовка:
Квасецот по ваша желба може да го ставите да нарасне со малку вода, сол, шеќер и брашно, или само да го растопите во млаката вода со која ќе го замесувате тестото бидејќи крајниот резултат е ист.
Во подлабок сад се става брашното во кое се става солта и квасецот и се замесува со водата средно меко тесто. Тестото се покрива со крпа и се остава на топло да го зголеми својот волумен. Кога двојно ќе нарасне се премесува со лесни движења и се формира векна која се става на набрашнет плех. Рерната се вклучува да се загрее на 220°Ц и за тоа време непечениот леб се покрива пак со крпа и се остава на топло да нарасне само додека не се загрее рерната. Потоа се става да се пече 30 – 40 мин. според тоа дали сакате покрцкава кора или не.
Ова е прекрасен леб кој одлично одговара со салата од свеж зеленчук, и уште нешто, овој леб не претставува опасност за вашата телесна тежина, јадете, секако во оптимална количина и во правилно време и тој за вас не ќе претставува ништо друго освен здравје на мени.


автор: Petrovska Vesna

Оваа вест е прочитана 15997 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 април

19 април

Во 1956 година, славната Грејс Кели се повлекла од актерството и стапила во брак со Принцот Рение од Монако.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус