Моите рецепти - Здравје на мени

Мислите дека знаете сè за спанаќот? Ве уверувам не знаете...

21 март, 00:06

СЕКОГАШ ИМА НЕШТО НОВО ДА СЕ НАУЧИ... КАКО НАЈЗДРАВО ДА ГО ПРИГОТВИТЕ СПАНАЌОТ

Спанаќот спаѓа во групата на листест зелен зеленчук кој по своите вредности е многу корисен, потребен и префериран во здравата исхрана. Неговиот придонес во одржувањето на оптималното здравје е во тоа што во себе содржи:
- ЖЕЛЕЗО - негов одличен растителен извор, кој за разлика од месото има многу малку калории, не содржи масти
- ФИТОНУТРИЕНТИ – КАРОТЕНОИДИ - бета каротен, лутеин, зеаксантин, а нивното значење е што овозможуваат силна антиоксидативна заштита на клеточните структури
- 13 различни фитонутриенти флавоноиди кои се во улога на силни антиоксиданси
- нискокалоричноста  е уште едена позитивна страна: 1МАЛА ЧИНИЈА ВАРЕН СПАНАЌ СОДРЖИ 41 калорија.

Но спанаќот има и некои „негативности”:
- спанаќот содржи и големо количество ОКСАЛАТИ (дел од група молекули именувани како органски киселини, постои предиспозиција на создавање камчиња во бубрезите кои на поединци можат да им прават проблеми, затоа е подобро сосема малку да се термички обработи)
- спаѓа и во група на оние кои се поврзуваат со алергиски реакции кај лица кои се алергични на латекс     
- со него треба внимателно да се знае од каде се набавува затоа што во себе може да содржи резидуални пестициди.

Сепак и покрај овие негативности за да се задржат сите вредностите во спанаќот многу е важна неговата термичка обработка, односно како ќе го приготвувате.

Најздрав начин на приготвување е кратко варење во вода (само околу 1 мин.). Досега најнеправилен начин на приготвување е:
- ВАРЕЊЕ НА ПАРЕА
- ДИНСТАЊЕ
- ВАРЕЊЕ СО МАСЛО

РЕЦЕПТ:
Потребен материјал:
500 гр. спанаќ

За преливот:
- 3 супени лажици ладно цедено маслиново масло
- 1 кафена лажичка сок од лимон
- 1 чешне лук со средна големина
- малку морска сол и црн бибер

Приготвување:
Земете поголем сад и наполнете го со вода. Ставете го на висока температура за да зоврие водата. Додека водата зоврие исчистете го спанаќот и измијте го, а лукот исто така исчистете го и исечкајте го.
ВАЖНО: зошто ЛУКОТ треба да се исечка???? Кога лукот е сечкан тогаш неговите лековити својства доаѓаат во целост до израз и неговото ефективно дејствување е потполно.

Кога водата ќе зоврие спанаќот спуштете го и оставете го во водата само 1 минута и притоа не го затворајте капакот. ВАЖНО: ЗОШТО Е ПОТРЕБНО КАПАКОТ ДА НЕ БИДЕ СОСЕМА ЗАТВОРЕН? Бидејќи на тој начин при варењето оксалатите се ослободуваат во воздухот.

Доволно е само една минута и притоа не чекајте да зоврие водата, па да помине таа минута туку и да не зоврие извадете го со лажица за цедење. Ставете го спанаќот во чинија (внимавајте треба да е добро исцеден) и иситнете го со виљушка. Спанаќот треба да е со светла боја и мек, а не кашест. Потоа додадете ги другите состојки и промешајте додека е сè уште топол.

спанаќ, блитва, рецепти, здрава храна, кари, recepti, spanak, blitva, kari, kujna

Ова е еден од најздравите начини на конзумирање на спанаќот зошто и самите каротеноиди од зеленчукот најдобро се апсорбираат кога зеленчукот се конзумира и се меша со масло.
Ваква термичка обработка се препорачува и за блитвата затоа што и таа во себе содржи оксалати.

Кога вака го приготвувате спанаќот тогаш тој може да биде многу добар прилог со риба приготвена на здрав начин со печење за само 15 мин. така што и времето за правење ваков ЗДРАВ И ВКУСЕН ручек е многу кратко. Можете да го направите и кога ќе дојдете од работа, за само 15 мин. ручекот ќе ви биде готов.

Но ако веќе имате нешто друго приготвено можете за многу кратко време да направите прилог:
КРЕМ –СПАНАЌ СО КАРИ:
Спанаќот се прави исто како понапред опишано. Така сварениот спанаќ се става во чинија каде се додава изгмечено обезмастено кравјо сирење (количината е по ваша желба во зависност колку спанаќ ќе сварите), 1 кафена лажичка зачин кари или куркума во прав, малку морска сол и црн бибер. Сè се промешува добро се додека не се спои во убав крем.

ЕТЕ ШТО ЗНАЧИ ДА СЕ БИДЕ: БРЗ, ПРАКТИЧЕН И НАЈВАЖНО ОД СЀ ЗДРАВ... СТАРИТЕ ГРЦИ РЕКЛЕ ЗДРАВЈЕТО И ЉУБОВТА ДОАЃААТ ПРЕКУ УСТАТА, ПА АЈДЕ ДА ЈАДЕМЕ ЗДРАВО И НА ЉУБОВТА ДА Ѝ ДАДЕМЕ ПОВЕЌЕ ВРЕМЕ И ПРАВО...ТАКА СМЕ СИТЕ ЗАДОВОЛНИ И СРЕЌНИ... ДОБАР АПЕТИТ...

 


автор: Petrovska Vesna

Оваа вест е прочитана 3024 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

20 април

20 април

Во 1950 година е роден Столе Попов, еден од најистакнатите македонски филмски режисери.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус