Моите рецепти - Здравје на мени

Мојот сок за одржување на телесната тежина

30 март, 00:52

Одите во вежбалните, ги гледате сите тие испотени лица на кои најчесто се чита она „Ох, леле, не можам повеќе, ама ајде можеш ти, можеш уште еден, ајде така браво״. Од челото ви капе пот, ви го замаглува погледот, а мускулите, тие сироти измачени, се грчат, се напрегаат сакајќи да ја задоволат вашата најчесто нереална желба, се препотуваат, треперат, сè додека алармантно и избезумено не почнат да врескаат „ДОСТА, ДОСТА, ИМАЈ МИЛОСТ, ТА И НИЕ ИМАМЕ СВОИ ГРАНИЦИ”, а вие бесно им одговарате и им наредувате „ама ајде јас сум таа што наредува, има да се препотувате и точка, еден, уште еден, така, голтка вода па уште еден, уште 5 минути иииииииии...уште не изминале тие 5 минути, а нозете откажуваат, рацете треперејќи не ве слушаат, а стомакот почнува да ви се грчи како цунами да ви поминува низ цревата, седнувате и толку од вас.
„АЛЕЛУЈА” вика радосно вашето тело, жедно за добра напивка и за добра мека постела. Поминува тој ден. Утро, следниот ден, ги отворате очите и чувствувате дека нешто не е како што треба, но не ви е јасно што се случува. Сакате да станете од креветот, а телото и тоа сака, но секој покрет задава таква болка како да е во мачилиштето на пеколот (добро можеби не до толку но сепак болиии..). Здробени и здрвени одлучувате да останете во постелата што е сосема правилно зошто вашето тело сега со право си го бара потребниот одмор после вчерашниот терор. И сè тоа зошто??? ЗА УБАВИНА!!!!!
Да, овде навистина ставам знак за чудење зошто ако тргнете од тоа да вежбате за да бидете здрави, убавината е нешто што нормално доаѓа сама по себе, а не на начин на кој вие сакате преку ред да стигнете до саканата цел. Тоа треба да биде нормално, растеретено во нејзината најубава верзија. За да ја одржите својата телесна тежина на оптимално ниво треба сите компоненти да ги вклопите така што тие да се надополнуваат една со друга. Тука секако спаѓа и физичката активност, но ако таа е пропратена со соодветна храна тогаш уште повеќе ќе се потенцираат добрите резултати. Мојата физичка активност е постојана, разновидна, во исто време комбинирана со соодветна исхрана во која едно од најважните места го има МОЈОТ СОК ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ТЕЛЕСНАТА ТЕЖИНА.
Нема тој некое магично стапче во себе, но комбинацијата на нутритивата што тој сок ја нуди со секојдневното негово конзумирање е добитната комбинација за вашето здравје и убавина. Се пие голтка по голтка, НИКОГАШ НАЕДНАШ, како всушност и секој сок и чај. Сите намирници во него изобилуваат со витамини и минерали, антиоксиданси, и сите се во функција на зајакнување на имунитетот, имаат и диуретично дејство, со еден збор нутритива со отценка 5+.


РЕЦЕПТ:

Потребни состојки:
- 1/2 главичка цвекло
- 1 поголем морков
- 1/2 китка магдонос
- 1/2 главичка целер
- 2 - 3 см. од дајкон
- 1 лимон
- 1 портокал


Подготовка:

Во соковник го процедувате зеленчукот, а потоа му го додавате исцедениот сок од лимон и портокал. По ваша желба можете да додадете ¼ кафена лажичка ѓумбир во прав што уште повеќе ќе допринесе за топење на масните депонии и ќе го забрза вашиот метаболизам. Јас мојот сок го сакам со таквиот негов природен вкус на слаткост што и вам ви го препорачувам. Но ако сакате да биде посладок, тогаш мој предлог е да додадете само 1 кафена лажичка мед, никаква друга замена па дури ни толку преферираниот кафеав шеќер зошто тој најчесто е бел шеќер на кој му се додава меласата, а тоа вам па баш и не ви е потребно и добро.
Овој сок можете да го пиете во било кое време од денот, но најдоцна до 17 часот поради диуретичното дејство што го поседува.
Овој сок не само што е вајар на вашата фигура туку и вашиот тен со тек на време ќе стане сјаен и мазен. Чистејќи ги токсините од вашето тело тој ѝ овозможува на кожата да почне слободно да „дише”.
Можеби се ова ви изгледа премногу добро за да биде вистинито, но ако се обидете ништо нема да загубите, можете само да бидете во добивка и тоа на „долги патеки”.

mojot-sok-za-odrzuvanje-na-telesnata-tezina, Мојот сок за одржување на телесната тежина mojot-sok-za-odrzuvanje-na-telesnata-tezina, Мојот сок за одржување на телесната тежина

 

 


автор: Petrovska Vesna

Оваа вест е прочитана 2500 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 април

19 април

Во 1956 година, славната Грејс Кели се повлекла од актерството и стапила во брак со Принцот Рение од Монако.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус