Моите рецепти - Здравје на мени

Мојот Сончев појадок

15 март, 00:00

Ако денот се познава по утрото тогаш мојот денешен ден има сонце. Зошто велам сончев појадок??? Затоа што тоа што тој го содржи асоцира само на златната светлина на сонцето. По својата енергетска вредност исто така потсетува на енергијата и животот што сонцето ѝ го дава на земјата. Кои се тие толку моќни намирници? Не се тоа некои невообичаени или специјални кои треба не знам каде да ги барате. Тоа се оние кои секојдневно ги имате околу вас, но некако по навика секое утро посегнувате по шолјичката (која во последно време станува сè поголема шолја што не е ни добро, ни здраво, нити соодветен почеток на денот за вашиот организам) топло кафе и топло меко пециво кое мириса на ванила која не треба да ја обвинуваме за тоа што си ја врши својата работа и толку ги надразнува вашите сетила, што ве прави после целовечерниот одмор од храна да чувствувате таква потреба за храна, особено нешто слатко. Тоа често ве прави да не размислувате што навистина треба да појадувате, едноставно ви го маскира разумот и вам ви е подобро што побрзо да го задоволите тоа свое чувство на глад отколку да размислите што навистина е здрав појадок.

Мојот сончев појадок го сочинува:

Сок направен од:
- 1 лимон
- 1 портокал
- 1 морков
- 1 јаболко
- 1 мала главичка цвекло
- 1/4 кафена лажичка ѓумбир
- 1 кафена лажичка мед (според желбата)

Сите овие намирници се процедуваат и од нив се прави сок кој се пие не во 2 голтки (ниеден свежо цеден сок, а особено кога содржи цвекло, не се пие во еден здив, така само ќе ги стимулирате бубрезите и ќе испровоцирате исфрлање на мокрачата, а со неа и сите вредни состојки кои требало организмот да си ги искористи и земе, а кои во утринските часови „гладно” ги чека) туку голтка по голтка.

После ваков сок треба пауза најмалку 30 мин. кое време ќе го искористите за правење на другиот дел од појадокот, а тоа се:
- 2 - 3 моркови
- 1 - 2 кафени лажички мед
- 1 супена лажица семки од сончоглед и тиква
- 3 - 4 јатки ореви
- 1 кафена лажичка мелено ленено семе.

Морковите се рендаат и се полеваат со мед, се додава и лененото семе. Се оставаат 5 - 10 мин. а потоа им се додаваат другите состојки. Се промешуваат иииии...ДОБАР АПЕТИТ.

После ваков појадок ќе се изненадите каква енергија ќе имате преку ден и колку вашиот стомак ќе ве „благослови”.

 


автор: Petrovska Vesna

Оваа вест е прочитана 2632 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 Март

28 Март

Во 1986 година во Њујорк е родена Стефани Џоан Ангелина или позната за светската јавност како Лејди Гага. 

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус