Моите рецепти - Здравје на мени

Непечени колачи со нутела

09 мај, 01:35

Живееме во време кога ВРЕМЕТО НИ НЕДОСТИГА. Трчајќи на сите страни да стигнеме сè да направиме често ни се случува 24 часа во денот да ни се чини како да се малку, па си помислуваме: колку би било убаво да можеме денот да го направиме да биде подолг. Но колку и да трае, сепак би ни било малку бидејќи човекот во своите желби е навистина ненаситен. Но како и да е, за такво темпо ви треба енергија, а како сме во трка со времето секогаш е убаво да имате некој рецепт за правење слатки кој би бил брз, а во исто време вкусен и ќе ви ја даде толку потребната енергија. Таков еден рецепт се и овие НЕПЕЧЕНИ КОЛАЧИ СО НУТЕЛА.

 

Време на приготвување: 15 мин.
Време на готвење: 5 мин.


Состојки:
2 шолји кафеав шеќер
¼ шолја какао
½ шолја соино млеко
½ шолја маргарин
1 кафена лажичка ванила
прстофат сол
¼ шолја путер од кикирики
¼ шолја нутела
3 шолји овесни снегулки


Приготвување :

Во еден сад на средна температура се спојуваат постојано мешајќи шеќерот, млекото, какаото и маргаринот. Варете 1 мин., тргнете настрана од ринглата и додадете ги ванилата, солта, овесните снегулки и путерот од кикирики. Мешајте сè додека сè добро не се спои. Со лажичка се зема од добиената смеса и се става на плех покриен со хартија за печење, а потоа плехот ставете го во фрижидер. Изладените колачи се готови за послужување.
Напомена: По ваша желба нутелата може да се замени со путер од кикирики, па наместо ¼, ставете  ½ шолја путер од кикирики.


автор: Petrovska Vesna

Оваа вест е прочитана 8405 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус