Моите рецепти - Здравје на мени

Њоки или домашни тестенини за супи и чорби

19 мај, 11:21

Употребете ја вашата фантазија, бидете инвентивни. На тестенините кои сами ќе ги направите можете да им дадете убава црвена или виолетова боја со додавање на сок од цвекло.

Цвеклото не само што ќе ви ја разубави чинијата, туку вашиот оброк ќе биде и нутритивно збогатен бидејќи тоа е богато со фолати, железо, магнезиум, витамин Ц и многу други нутритиви.

 

За 4-5 чинии ви треба:
700 гр. бел компир
1 мала шолјичка полубело или интегрално пченично брашно
1 супена лажица пченичен гриз
½ кафена лажичка сол
2 супени лажици сок од цвекло
прстофат мелено морско оревче
1 кафена лажичка путер

Компирот се вари со лушпа. Откако ќе биде варен се лупи и се пасира и уште додека е така топол се додава брашното.

Во истиот сад каде се компирот и брашното се додава солта, морското оревче и путерот.

Се замесува тесто на кое при месењето му се додава сокот од цвекло. Од тестото правете тестенини во вашата сакана форма, а потоа варете ги во солена вода 3-5 мин. Од водата каде се варат се вадат со решеткаста лажица.   

 


автор: Petrovska Vesna

Оваа вест е прочитана 4289 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Март

29 Март
Во 1943 година е роден познатиот грчки композитор на електронска музика Евангелис Одисеас Папатанасиу или за јавноста познат под уметничкото име Вангелис.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус