Моите рецепти - Здравје на мени

Појадокот – Основа за добро здравје

18 јуни, 04:53

ОВОШЕН ЈОГУРТ ИЛИ КАШИЧКА СО ОВОШЈЕ, СЕМЕ ОД КОПРИВА ИИИ....ВАШАТА ИМАГИНАЦИЈА

Почитувани мои читатели, фундаментот на кој ќе се темелат моите рецепти е ЗДРАВАТА ХРАНА. Но здравата храна колку и да сте посветени на неа и колку и да сакате да ја практицирате сама за себе не може да си ја постигне својата цел максимално ако при тоа не почитувате и други правила на режимот на правилната исхрана.

Меѓу тие правила се и почитувањето на распоредот на оброците и значењето на секој од нив, од што пак потоа произлегува и во колкава количина треба да се јаде соодветниот оброк.

Овој пат тоа ќе се однесува на појадокот. Сакате да имате енергија во текот на целиот ден? Сакате вашето расположение да не осцилира во текот на денот? Сакате ли и другите параметри да се во својата нормална бројка и граница? Тогаш ПОЈАДУВАЈТЕ ЛЕСЕН, НУТРИТИВНО ВРЕДЕН И ВКУСЕН ОБРОК. Таквиот оброк ќе ве држи сити, добро концентрирани на вашите обврски иии..што би сакале повеќе ?

Па да РЕЦЕПТОТ... Ако сте подготвени почнуваме.

Што ви треба:
-200 мл. јогурт со биокултура и со помала масленост
-1 супена лажица семе од коприва
-100 гр.замрзнати сливи
-2 супени лажици овесни снегулки
-1/4  кафена лажичка цимет

Приготвување: лесно, 15-20 мин.
Во јогуртот се ставаат семето од коприва и овесните снегулки и се остава да набубри. Откако ќе набубрат им се додаваат сливите и циметот. Ако сакате може малку да се изблендира во блендер, но може и едноставно сето тоа да се промеша и да се јаде. На овој појадок можете да додадете,но тоа секако е по ваша желба, и:
-1 лажица непечени семки од сончоглед
-1 лажица непечени семки од тиква  и
-1 кафена лажичка мелено ленено семе кое ако се одлучите да го ставите го додавате на копривата и овесните снегулки да отстои за да набубри.

храна, рецепти, јогурт, цимет, сливи, коприва, семе од коприва, семки од тиква, семки од сончоглед, ленено семе  храна, рецепти, јогурт, цимет, сливи, коприва, семе од коприва, семки од тиква, семки од сончоглед, ленено семе

Што добива вашиот организам со ваков појадок во кој акцентот се става на семето од коприва:

КОПРИВА
Во вистинска смисла на зборот копривата е лековита билка. Во себе содржи:
-минерали
-витамини, особено витаминот А
-до 20% белковини
-2% масти
-растителни хормони и ензими
-железо.

Овој нејзин состав допринесува за:
-зголемување на бројот на црвените крвни зрнца (многу добар лек за анемија)
-ја прочистува крвта и со тоа го прочистува организмот од токсини
-го намалува нивото на шеќер во крвта што ја прави особено препорачлива кај дијабетичарите
-го подобрува системот за варење
-природен лаксатив и диуретик
-се применува кај реуматските болести и гихтот
-ја подобрува коагулацијата на крвта и тоа ја прави препорачлива при обилни менструации, крварења од матка итн.
-го подобрува и зајакнува имунитетот
-допринесува за зараснување на раните
-го прочистува црниот дроб и цревата
-особено благотворно дејствува во намалување на хистаминот при постоење на алергии и е единствена билка која не подгрева алергија туку ја намалува и ја елиминира
-превентивно дејствува противи создавање на камчиња во бубрезите
-добар поддржувач при терапија кај настинки и грип
-чајот од коприва се препорачува и кај болести на дишните патишта - бронхит.

 


Овој појадок е добар и при терапии за регулирање на телесната тежина, а  исто така добар за нормалното секојдневно одржување на нормалната телесна тежина за сите воздрасни групи.

Ако не ви бев толку убедителна ви препорачувам направете го неколку пати од љубопитност. Кога набрзо ќе го почувствувате чувството на леснотија и зголемена енергија, сигурна сум ќе ви стане секојдневна навика.
Основата ќе ви биде јогуртот со семето од коприва, а другото сѐ ќе биде ваша инвентивност во изборот на овошјето.


автор: Petrovska Vesna

Оваа вест е прочитана 6833 пати.

Коментари [1]

Димитар

Дали наместо јогурт, може да биде кисело млеко ??

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 април

19 април

Во 1956 година, славната Грејс Кели се повлекла од актерството и стапила во брак со Принцот Рение од Монако.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус