Моите рецепти - Здравје на мени

Посен здрав појадок со варена пченка

27 март, 00:27

Добро Ви утро...Продолжуваме со идеите за посен но здрав појадок иако си земам за право постојано - REPETIТIO EST MATER STUDIORUM (повторувањето е мајка на знаењето) да ве потсетувам дека овие рецепти се вредни за секого без разлика од каква причина ќе ги направи. Сите оние што сакаат денот да го почнат со појадок кој ќе ги обезбеди и држи сити во претпладневните часови кога и самиот мозок е во најдобра кондиција за извршување на сите работни обврски, треба да се погрижат да имаат добар енергетски појадок.
Денес мојот појадок во основа ќе ја има пченката во варена форма. 

НУТРИТИВА на пченката е:

- витамин Б1(тиамин)
- витамин Б2 (рибофлавин)
- фолна киселина
- пантотенска киселина
- витамин Ц
- фосфор
- каротеноиди - алфа каротен, бета каротен, бета криптоксантин, лутеин + зеаксантин
- феноли - силни антиоксиданси со благотворно дејство.

Оваа НУТРИТИВА е во служба на ЗДРАВЈЕТО:
- силна антиоксидативна заштита
- го подобрува здравјето на срцето
- ги одржува белите дробови
- дава енергија
- присуството на витаминот Ц е во улога на апсорбент на слободните радикали
- присуството на манганот и фосфорот ги изградува коските.
 
Комбинирана со:
- СУВИ СЛИВИ кои се веќе отстојани во вода 15 - 20 мин. нутритивата е многу богата со:
- витамин А - МНОГУ ДОБАР ИЗВОР
- влакна
- калиум
- бакар
- каротеноиди - алфа каротен, бета каротен, бета криптоксантин, лутеин + зеаксантин
- присуството на фенолите и каротеноидите обезбедуваат силна антиоксидативна моќ и ЗАШТИТА од оксидациски оштетувања како последица од дејството  на слободните радикали.

Користа за здравјето од сувата слива е:
- дигестивното варење го одржува во оптимална состојба превенирајќи констипација или ЗАТВОР


- СУВО ГРОЗЈЕ (подобро црно зошто има повеќе антиоксиданси и многу потребниот ресвератрол добар за имунитетот и за циркулацијата). Неговата нутритива е:
- манган
- витамин Ц
- витамин Б1(тиамин)
- калиум
- каротеноиди - алфа и бета каротен, лутеин + зеаксантин
- полифеноли - ресвератрол
- фитонитриенти - сапонини - СИЛНИ АНТИОКСИДАНСИ
- флавоноиди - катехин + епикатехин

Иако сувото грозје со сушењето губи од своите нутритиви, особено фенолите, сепак е во функција на ЗДРАВЈЕТО:
- ја подобрува функцијата на СРЦЕТО
- го подобрува женското здравје одржувајќи го ХОРМОНАЛНИОТ БАЛАНС 
- заштитува од дејство на слободните радикали - АНТИОКСИДАТИВНО дејство.


- ЛЕШНИЦИ И БАДЕМИ - исто така отстојани во вода од минатата ноќ или барем најмалку 2 часа, а зошто секогаш треба да ги јадете ако се во сирова форма отстојани во вода??? Затоа што на нивната лушпа при самото чување и складирање зависно од условите, при минимална влага или допир со веќе расипани семки или други јаткасти плодови се создаваат токсини и мувли кои потоа се наталожуваат во нашето тело и го оштетуваат најпрво црниот дроб, но освен тоа лушпата на бадемот е во улога на апсорбент на ензимите во желудникот, па со потопувањето тоа се неутрализира или се отстранува со се лушпата)
- семки од тиква и сончоглед - непечени

Нивната нутритива:
- извор се на ОМЕГА - 3 есенцијални масни киселини
- алфалинолеинска киселина
- мононезаситени киселини - олеинската киселина
- витамин Е
- бакар
- манган
- магнезиум
- цинк
- лигнини
- фитонутриенти
- фитостероли

Како го подобруваат ЗДРАВЈЕТО:
- бувално кажано го заштитуваат СРЦЕТО
- ја регулираат ТЕЛЕСНАТА ТЕЖИНА
- го одржуваат ДИГЕСТИВНИОТ СИСТЕМ
- ги одржуваат КОСКИТЕ (манган, бакар, фосфор, магнезиум)

- ЦИМЕТОТ - но цејлонски, а не кинески - и тоа има зошто, а тоа е што цејлонскиот во себе содржи многу помалку кумарин отколку кинескиот кој се продава кај нас и тоа во последно време рефус, отворен и незаштитен - КАДЕ Е ТУКА ХАСАП СИСТЕМОТ???? - (како и други семиња кои се продаваат мелени и кои како такви стојат повеќе време што е особено штетно за маслата кои во себе ги содржат а кои во таква состојба се расипуваат,  па вие потоа ќе се прашувате зошто ви се јавуваат гасови во цревата или други тегоби). Употребата на кинескиот цимет треба да се ограничи  максимално на 5 гр. и тоа не секој ден бидејќи кумулацијата на кумаринот значително го оштетува црниот дроб.

- мед по желба ако сакате уште малку сладост во овој оброк.


Овие  нутритивни вредности на состојките  треба да се знаат зошто кога јадете секогаш треба да знаете што јадете и дали е тоа добро за вашата сегашна здравствена состојба и воопшто за вашето здравје, едноставно да се пронајдете во таа храна и да изградите свој здрав стил на исхрана. Во случај да имате некој одреден здравствен проблем, кога ќе ја знаете оваа нутритива ќе знаете дали треба да ја имате таа намирница во вашата исхрана или од друга страна ако сакате да изградите здрав режим на исхрана тогаш да знаете како и што да јадете.
Ете јас денес појадував тоа и одамна почнав со сите мои обврски. Мислата е чиста и активна, енергијата на сосема добро ниво, па не е доцна почнете го и вие денешниот ден со ваков појадок. Ако денес ви е доцна можеби утре????


автор: Petrovska Vesna

Оваа вест е прочитана 5353 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Март

29 Март
Во 1943 година е роден познатиот грчки композитор на електронска музика Евангелис Одисеас Папатанасиу или за јавноста познат под уметничкото име Вангелис.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус