Моите рецепти - Здравје на мени

Сакате врела постела? На мени ставете ја Аморовата стрела

07 март, 14:23

Ајде вистинските мажи на дело. Не зошто е 8 - ми Март туку убаво е кога некој  ти го посветува своето внимание, макар да е тоа и само на еден ден, сепак некако ти се разгалува душата.
Овие редови ги пишува жена, според тоа знам што пишувам па ВИЕ МАЖИ ДОБРО ЧИТАЈТЕ ГИ.
Работите така се наредиле па овој празник се рекло да се празнува заради ова или она, сега тоа не е ни битно, важно е што сепак се празнува, па затоа му се обраќам на машкиот пол. И вие сакате својата понежна половина да ја изненадите, да и подарите нешто, едноставно да ѝ го честитате денот но тука има ????? - ци. Ако вашиот џеб не е толку длабок за да купите подарок (цените сега скокаат до таван) или да ја изведете на добар ручек или да ја однесете на романтична вечера со виолини и рози, или едноставно доста ви е од ресторани, кафеани, јадења по туѓо мени ... ете сум тука ЈАС за да ви помогнам .... КАКО???
САМО ЗАСУКАЈТЕ ГИ РАКАВИТЕ, СТАВЕТЕ ПРЕСТИЛКА И ОСТАНАТОТО ОСТАВЕТЕ ГО НА МЕНЕ ДА ВЕ ВОДАМ ЈАС (ВИСТИНСКИТЕ МАЖИ И ЉУБОВНИЦИ СЕ И ДОБРИ ГОТВАЧИ - ПА НЕЛИ ЉУБОВТА ДОАЃА ПРЕКУ УСТА, ТОА НЕ ВАЖИ САМО ЗА ЖЕНАТА ТУКУ И ЗА МАЖОТ ....
                                           
САКАТЕ ВРЕЛА ПОСТЕЛА???  НА МАСА СТАВЕТЕ ЈА АМОРОВАТА СТРЕЛА


Што има посекси од маж во престилка, особено ако приготвува нешто убаво, ароматично, некаков сладок афродизијак што материјалот под престилката потоа ќе направи вистинска лавина??? ЕЕЕЕЕ ... нема жена што потоа повторно не би се вљубила во својот Аполон .. ПОТВРДЕНО и ДОКАЖАНО.
ВЕ УБЕДИВ??? АЈДЕ ПОЧНУВАМЕ ...

8 - МО МАРТОВСКИ – LOVE STORY РУЧЕК
(во изборот на менито ќе бидам внимателна зошто секоја жена внимава на својата линија иако не го кажува секогаш тоа, па храната не треба да биде многу калорична, а во исто време треба да се внимава да не го забави вашиот метаболизам, па да испадне после онаа старата ... ЈАЛ ПА ЗАСПАЛ ...).

Почнуваме со АПЕРИТИВОТ:
Ништо многу слатко, но и ништо многу силно, таман колку да ги заскокотка сетилата:
МАРТИНИ - со маслинка или со кора од лимон .. нооо .. ако ова ви изгледа некако многу филмски (иако за една жена ништо не е премногу) тогаш може и
БАКАРДИ  КОКТЕЛ со лимета.

Овој пијалак оди во комбинација со аперитив во чинија кој е многу лесен за приготвување и за него ви треба следното:
- кулен исечкан на тенки листенца
- сирење сечкано на мали коцкички
- шери домати
- листенца целер или мента
- дрвени подолги стапчиња или чепкалки

Прво го набодувате куленот од едниот крај, потоа го ставате сирењето, над него листот од целер или од мента, над него половина од шери доматот и потоа одгоре го набодувате (затворате) другиот крај од куленот. Правите 10 такви стапчиња и ги редите во круг на чинија, а меѓу нив ставате зелени маслинки и полумесечинки од свежа краставица.

ГЛАВЕН ОБРОК

Прв предлог - ПИЛЕШКИ СТЕК НА ПОСТЕЛА ОД ЗЕЛЕНЧУК

Потребен материјал:
- 2 моркови
- 200гр. бела ротква
- 3 помали корени целер
- 3 млади лукчиња
- 1 зелена салата

За прелив:
- 1 лимон или лимета
- 1 супена лажица јаболков оцет (или оризов оцет)
- 4 супени лажици маслиново масло (или масло од кикиритки)
- 1 кафена лажичка шеќер
- сол,бибер и ѓумбир во прав
- 400 гр.пилешки стек

Пилешкиот стек се сече на ленти и се пржи на 2 супени лажици врело маслиново масло. Додека не се изладил се попрскува со сок од лимон, азиски лут сос и се посолува по желба.
Додека се пржи стекот вие го приготвувате зеленчукот. Го рендате морковот, белата репка, целерот, а младото лукче го сечкате на тркалца. Зелената салата се чисти и просушува па потоа се кине на помали парчиња. Зеленчукот се става на чинија, се полева со направениот прелив и веднаш над него се става топлиот пржен пилешки стек.
Со ова јадење многу добро одговара чаша вино SAUVIGNON BLANC (Савињон Бланк).

Втор предлог: ЧАДЕН ЛОСОС НА ЗЕЛЕНЧУК

Потребен материјал:
- 1 главичка цвекло
- 2 компира
- 2 моркови
- 2 поголеми домати

 Прелив за зеленчукот:
- 2 супени лажици маслиново масло
- 2 супени лажици  јаболков оцет или лимонов сок
- 400гр чаден лосос
- 2-3 супени лажици сок од лимон
- сол,бел бибер
- ½ китка разни зачински билки (копар, магдонос, босилек)

Зеленчукот се става во вода да се свари и притоа треба да се внимава да не се превари, да не биде многу мек и кашест. Потоа се сече на тркалца и се става на чинија. Се полева со преливот за зеленчук и се посолува и побиберува.
Чадениот лосос се сечка на коцкички и се става во чинија, а потоа се меша со мешавината од лимонов сок, сечкана мирудија и солта и биберот. Ги промешувате и потоа сè заедно, и зеленчукот и лососот, ги спојувате во една чинија.
Ако се одлучите за ова јадење тогаш одлично ќе ви одговара чаша вино CHARDONNAY или RIESLING.

ДЕСЕРТ
ПАРФЕ ОД МАЛИНИ И БАДЕМИ

Овој рецепт е прекрасно декоративен, уште подобро вкусен, за приготвување многу лесен и брз и тешко дека некој може да му одолее - ВИСТИНСКИ ИЗБОР ЗА ЗАВРШЕТОК НА ГЛАВНИОТ ОБРОК.

Потребен материјал:
- 1 шолја јогурт од соја или обезмастен јогурт
- алтернатива за јогуртот - во блендер се блендираат 1 шолја индиски оревчиња со 1 чаша вода сè додека не се добие мазен крем
- 1/2 лажичка екстракт од бадем
- 2 лажици мед
- 2 шолји малини (може од замрзнувач)
- 1лажица исечкани бадеми
- по желба рендано темно чоколадо(75% какао).

Во сад се ставаат сите состојки и се миксираат сè додека не се добие хомогена смеса. Потоа се става во чинии и во секоја се додаваат малини над кои се ренда чоколадото.
Сè е готово. На масата сервирате најдобро што умеете, а потоа со еден единствен цвет ја поканувате вашата убава славеничка да ви се придружи. Мирисот на вашиот парфем нежно ѝ се вовлекува во ноздрвите и веќе сте чекор поблиску до освојување на нејзиното срце. Ја погледнувате право во очи подавајќи ѝ ја чашата со мартини или бакарди и магијата започнува. Го принесувате главното јадење и после првиот залак таа е веќе толку изненадена што се прашува дали сте навистина тоа вие истиот тој кој секој ден седнува наспроти неа и јаде толку незаинтересирано како по навика. Миризливото вино ви ги милува непцата потенцирајќи го уште повеќе прекрасниот вкус на приготвените јадења. Сè е убаво, нотите од музиката го исполнуваат воздухот најавувајќи ја слатката ода на радоста од десертот што следи. Онаа народната „јаготката на шлагот”,  десертот е вашата јаготка со која дефинитивно ја освојувате нејзината љубов.


Ех, мора да ми простите, ова беше мое мало предвидување, но мислам дека навистина ќе биде така, па на крај ако навистина и со љубов се потрудите ќе се изненадите дека можеби ќе го пронајдете она малку подзаборавеното, а кое за жал ако не го негувате одвреме навреме тоа само ќе тоне сè повеќе во заборав сè додека еден ден не се запрашате: ШТО СЕ СЛУЧИ??? КОГА ТОА ПОМИНАЛ ЖИВОТОТ, ТИВКО ПОКРАЈ ВАС, ВЕ ОДМИНАЛ БЕЗ ДА ЗАБЕЛЕЖИТЕ ....
НЕМОЈ ТЕ ДА ДОЗВОЛИТЕ ДА ВИ СЕ СЛУЧИ ТОА И ВАМ ... ПА ЖИВОТОТ СЕПАК Е САМО ЕДЕН ... ЗА ЉУБОВ И ВНИМАНИЕ ТРЕБА ТОЛКУ МАЛКУ .. СО ЕДНА ПРАШИНКА СЕ ВИВНУВАТЕ ДО ОБЛАЦИТЕ ...


Ете почитувани мажи моето мени ви е на маса. Ефтино, брзо и лесно. Џебот е спасен, а резултатот??? Можеби нема веднаш да го видите бидејќи изненадувањето е тука, но понатака сигурна сум ќе го почувствувате. Слики овај пат нема тоа го оставам на вашата фантазија .. колку повеќе се внесувате и со мисла и со душа толку можноста за да се постигне целта е поголема.

 


автор: Petrovska Vesna

Оваа вест е прочитана 1560 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 Март

28 Март

Во 1986 година во Њујорк е родена Стефани Џоан Ангелина или позната за светската јавност како Лејди Гага. 

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус