Моите рецепти - Здравје на мени

Салата за подобро варење

23 април, 00:01

Во овие убави празнични денови кога нашите трпези наликуваат на прекрасни лепези од јадења, ароми и бои кои го восхитуваат погледот, често се прашуваме КАКО ДА СЕ ОДОЛЕЕ на таа прекрасна убавина. Но токму тоа може да биде причина за некои тегоби кои можеме да ги почувствуваме после таа слатка конзумација. Надуеност на цревата, зголемени желудечни киселини, опстипација, зголемен крвен притисок и што уште не...Токму заради тоа треба Вашиот организам да го освежите со салата во која спојот на состојките ќе дејствува така што ќе биде во улога на подобрувач на варењето на храната и прочистувач на Вашиот организам, црпејќи ги и апсорбирајќи ги сите непотребни материи и маснотии кои би се наталожувале во Вашето тело како резултат на варењето на тие празничните јадења, особено ако тоа доаѓа после повеќе дневен пост.

САЛАТА ЗА ПОДОБРО ВАРЕЊЕ

  • 3 см. рендан дајкон
  • ½ главичка корен од целер рендана
  • ½ краставичка
  • 3 - 4 листови зелена салата
  • ½ китка магдонос сечкан
  • ¼ китка листови од целер сечкани
  • 1 рендан морков
  • 1 мала лута пиперка
  • ½ кафена лажичка куркума
  • ½ кафена лажичка гомасио
  • маслиново масло
  • јаболкова киселина или сок од 1 лимон
  • 50 – 100 гр. варен интегрален ориз

ГОМАСИО

  • 1 кафена лажичка тостирана морска сол
  • 20 кафени лажички тостиран интегрален сусам

Се мелат во машина за мелење кафе или се тријат во СУРИБАЧИ сад за правење на гомасио од глина и бамбус.
Во поголем сад се мешаат сите состојки и се оставаат да се спојат сите вкусови и ароми околу 5 минути, а потоа....потоа што би се посакало освен ДОБАР АПЕТИТ И ДОБРО ЗДРАВЈЕ...

И уште нешто во овие денови за уживање без мака добро би дошло и 1- 2 шолји чај од коприва. Добро за Вашиот желудник, добро за Вашата линија, добро за Вашето срце.

1 супена лажица лист од коприва попарете со 200 мл. врела вода и оставете да отстои 10 минути. Потоа процедете и чајот, особено препорачлив во ова пролетно време кога и алергиите се во подем, е готов. 2 - 3 шолји во денот и покрај сите бенефити за здравјето воочливо и алергиските реакции ќе се намалат. Верувајте ова е лек кој природата ви го дала со сета своја љубов и благодарност за да ја чувате и негувате за да може што повеќе да ни ги дарува своите вредности и благодети.


автор: Petrovska Vesna

Оваа вест е прочитана 2185 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

16 април

16 април

Во 1889 година е роден Чарли Чаплин, јунакот на немите филмови, режисер, комичар и композитор.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус