Моите рецепти - Здравје на мени

Мојот посен и здрав појадок од јачмен

18 март, 00:04

Сирова храна? Сè повеќе потврдни одговори... Дали ќе се пронајдете во мојот предлог?                

Во последно време сè повеќе слушаме колку е подобро храната што ја јадеме да биде во сирова форма.

Сè има и свои добри и свои лоши страни. Секако дека концентрацијата на витамините и минералите, антиоксидансите и другите нутритиви во храна која би била во сирова форма е поголема (генерално зборувано затоа што има некои нутритиви чија искористливост е поголема при мала термичка обработка), но прифаќањето и преминувањето на сирова храна не е едноставно. Не е тоа работа преку ноќ, за тоа треба време и постепеност бидејќи организмот не може тоа го прифати наеднаш. За тоа треба време дигестивниот систем да се прилагоди и да почне да функционира во таа насока.

За тоа ќе стане збор кога ќе зборуваме за сировата храна, а сега за мојот рецепт за појадок кој е во рамките на таа сирова храна, бидејќи таа е дел од моето секојдневие. Се работи за житарка и тоа јачмен.

ЗОШТО ТОКМУ ЈАЧМЕН??? Одговорот е едноставен, затоа што тоа е житарка која дава најмногу енергија, а во претпладневните часови токму тоа ни треба (римските гладијатори биле познати како оние кои јадат најмногу јачмен заради подобра издржливост во борбите во арената). Освен тоа јачменот е прекрасен извор на растворливи влакна во кои се вклучува и БЕТА - ГЛУКАНОТ кој е особено добар за намалување на ХОЛЕСТЕРОЛОТ и го негува и поддржува дигестивното варење. Концентрацијата на СЕЛЕН ве заштитува од дегенеративни болести.

Во мојот појадок јачменот е во сирова форма, подготвен на следниот начин:
100 гр. јачмен во зрно се мие со лесни движења на раката во правец на стрелката на часовникот 2 - 3 пати и секогаш се прави со друга вода. Потоа се става во стаклен сад, може тоа да биде и тегла, се покрива со стерилна газа (за да може воздухот да циркулира) и се остава да преноќи до другиот ден. Потоа утрината пак се мие со исти такви движења во 2 - 3 води и веќе е готов за конзумирање.

Мојот јачмен е приготвен на тој начин. Ваквото негово приготвување можат да го направат оние што веќе како што реков се во процес на воведување на сирова храна, но не е ништо страшно и за оние другите  ако се сака прв пат да се проба, ако не сакате киснат или се плашите како би одговорил вашиот желудник на тоа можете брзо да го подварите. Ќе го измиете на ист начин,  ќе го ставите во сад со вода во однос 1:2 и ќе го варите 40 - 50 мин. најпрво на силна температура додека не зоврие, потоа се смалува температурата и во затворен сад се вари на тивок оган.

Сега јачменот е готов за секаква комбинација:
- суви сливи кои сте ги потопиле во вода 15 – 20 мин.
- семки од сончоглед и тиква непечени
- бадеми потопени во вода непечени
- суво грозје, сува смоква или урми, тоа е по ваш избор.

Во мојот денешен појадок јас ги изоставив:
- 1/2 банана сечкана на парчиња
- мед за засладување
- цимет и каранфилче по желба, а може или сирова ванила
- млеко од соја или оризово (се работи за посен појадок но оние што не постат можат да стават јогурт или млеко по избор најдобро козјо). Додатокот на млеко или јогурт е по ваш избор бидејќи е сосема добро и без некаква течност.

Сите овие состојки се ставаат во чинија, се промешуваат и се оставаат неколку минути за да се спојат аромите и вкусовите.
Погледнете колку е сè тоа едноставно, но сепак добро.

ВИ ПОСАКУВАМ ДОБАР ЕНЕРГЕТСКИ АПЕТИТ...

 


автор: Petrovska Vesna

Оваа вест е прочитана 6652 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Март

29 Март
Во 1943 година е роден познатиот грчки композитор на електронска музика Евангелис Одисеас Папатанасиу или за јавноста познат под уметничкото име Вангелис.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус