Мој предлог

„Будење” од Антони Ди Мело

07 ноември, 07:18

„Набљудувајте ја нервозата која царува насекаде околу нас, набљудувајте ги осаменоста, стравот и конфликтите во срцата на луѓето. 
Замислете дека некој може да ви понуди шанса со која ќе можете да се ослободите од сите овие неубави работи. 
Замислете дека некој може да ви понуди шанса со која ќе можете да ги запрете непотребното трошење на енергијата, здравјето и емоциите. 
Замислете дека некој може да ви го покаже патот на кој сите ќе можеме меѓусебно да се сакаме, да бидеме поспокојни и посмирени.”


Антони Ди Мело, кој е еден од најзначајните инспиративни писатели на нашето време и интернационално признат спиритуален водач, на многу лесен, разбирлив и јасен начин преку книгата „Будење” ни укажува како да гледаме, сакаме и живееме ...

Тој на првите страници на оваа извонредна книга вели:

„Луѓето не живеат. Поголемиот дел од нив не знаат да живеат. Тие само го одржуваат животот во нивните тела. Тоа не е живот. Таквите луѓе не живеат сѐ додека не им стане потполно неважно дали ќе живеат или ќе умрат. Кога таквите луѓе се спремни да го изгубат сопствениот живот, дури тогаш почнуваат да живеат. Но ако постојано го штитат нивниот живот, тогаш тие се мртви ...
Можноста да се разбудиме е во директна врска со вистината која сме спремни храбро да ја прифатиме. Моментот во кој се будиме кај нас предизвикува чувство на светлина и тоа е најубавото искуство на светот.”


Несвесниот живот не е вреден за да биде проживеан.

Кога ќе ги отфрлиме сите илузии и кога ќе станеме свесни за себе и за светот околу нас, ќе ја откриеме целата убавина на животот.

Читајќи ја оваа прекрасна книга пробајте искрено да сознаете нешто повеќе за вас самите. Тоа е исто како кога би читале медицински прирачник и се запрашувате дали ги чувствувате некои од наведените симптоми. Тие ќе ви откријат нешто сосема ново за вас, нешто за што ниту сте сонувале.


„Будење” е книга која ќе ве ослободи од сите илузии, книга која ќе ве направи де бидете посвесни и ќе ве научи како треба правилно да живеете.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 4257 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НАЈПОПУЛАРНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

© 2018 MOJ PORTAL  All Rights Reserved.   изработено од Асидус