Мој предлог

Маврово

30 јануари, 02:05

Зима е. Времето е студено, а сончевите зраци само повремено ѕиркаат од зад облаците. Вакво време всушност е и својствено за овој период од годината.
Но овие зимски временски услови, немојте да дозволите да бидат пречка за да го посетите Маврово во зима.
Туристичкиот центар Маврово кој всушност е најголемиот национален парк во Македонија, располага со извонредно флористичко богатство, коешто се состои од над 1000 видови виши растенија, од кои 38 се дрвни видови, 35 грмушки, а околу шеесетина се ендемични или ретки видови.
Фауната на националниот парк Маврово исто така се одликува со значителна разноликост. Се состои од 140 видови птици, 11 видови водоземци, 12 видови на влечуги и 38 видови цицачи.
 
Ги споменуваме и скијачките терени и Мавровското Езеро со кои располага овој Национален Парк, кои само ќе ја надополнат целокупната слика за сите видови на релаксации и можностите кои ги нуди Маврово.
 
Но секако, најважно со што овој центар располага е чистиот планински воздух и прекрасните пејзажи кои ги исцртала самата мајка природа и кои како уметнички фотографии се распространети по падините на планините.
Секоја средба со природата во нас буди неизмерно чувство на среќа, радост, спокојство и смиреност. Кога сме во природа на миг забораваме на нашето секојдневие, дозволуваме таа да нè обземе со сета нејзина убавина и да ги засити сите наши сетила.
 
Оваа зима ви препорачуваме да го посетите Маврово, ви препорачуваме да ја посетите оваа, од Бога дадена природна убавина и да ја исполните вашата душа со мир и спокој.

 

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 3225 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НАЈПОПУЛАРНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

© 2018 MOJ PORTAL  All Rights Reserved.   изработено од Асидус