Мој предлог

Незаборавната Бора Бора и островите на Ксамил

04 јули, 09:01

Патувањето до Ксамил беше вистинско уживање. Го започнавме преку граничниот премин Меџитлија, по автопатот низ Грција, преку преминот кај Игуменица (избегнувајте го преминот кај Јанина, патот е многу подобар низ Игуменица), па на сплавот кај Бутринт и пристигнавме во Ксамил.
На прв поглед градот не нѐ воодушеви, а и плажата не беше нешто посебно. А потоа ја откривме Бора Бора и тука започнува приказната за Ксамил.
Прекрасната плажа има неверојатно ситен, бел песок, а водата е тиркизно-сина, топла и чиста. Уредно наредените лежалки и чадори секогаш се полни, па доколку сакате да уживате на Бора Бора, најдобро е да одите околу 7-8 наутро и да си оставите крпа на некоја од лежалките.

До Бора Бора има уште неколку вакви плажи, убави ресторанчиња и кафулиња, секој момент поминат на овие плажи е навистина незаборавен. Додека пиете кафе или студено пиво имате можност да уживате во погледот на Крф и трите острови на Ксамил.

Островите се приказна за себе. Една од плажите е оддалечена нецели 100 метри од најблискиот остров, па до него може да стигнете со пливање. Островот нема плажа, има неколку лежалки на сплав, но задоволството да се исплива до островот е и повеќе од доволно. До пооддалечениот остров секојдневно пловат моторни чамци од Бора Бора. Кога ќе пристигнете на островот сфаќате дека тоа се всушност два острови поврзани со мала плажа. Плажата има два брега, еден кон Ксамил, а другиот кон отвореното море. Водата е беспрекорно чиста и е вистински рај за нуркачите, а од оваа плажа Крф ви е како на дланка.
Кога ќе посакате да се освежите, на располагање ви се ресторанот и кафулето. И повторно добра музика, пиво и фантастичен поглед.

На 5-10 минути од Ксамил (со автомобил) имате уште неколку прекрасно плажи до кои се стигнува по доста лош земјен пат, но 5 минутното возење вреди за она што го добивате. Кристално чиста вода, уредени плажи и ресторанчиња со одлични цени и вкусна храна.

Престојот во Ксамил уште повеќе го збогатува љубезноста на мештаните кои се потрудиле да научат некој македонски збор, па љубезно ќе ви речат „фала“ или „здраво“. Цените се и повеќе од пристапни, а храната е одлична. За сместување во студио за 2 лица ќе платите од 20 – 25 евра на ден, голема пица ќе ве чини околу 200 денари, а морска риба околу 350 денари.

Ако плажите и островите не ви се доволни, на само 10 км е Саранда. Градот е прекрасен, но има премногу туристи, па доколку одите најдобро време е околу 17 часот, бидејќи подоцна тешко ќе најдете паркинг.

Одморот во Ксамил поминува за миг. Од срце ви го препорачуваме ова мало место на југот од Албанија. Уживајте на Бора Бора, посетете ги островите и направете некоја фотографија за спомен.

ксамил, бора бора, албанија, плажи, одмор, бутринт, ksamil, odmor, bora bora, albanija, saranda, саранда, валона, драч

Бора Бора

ксамил, бора бора, албанија, плажи, одмор, бутринт, ksamil, odmor, bora bora, albanija, saranda, саранда, валона, драч

Кафулето на островот

ксамил, бора бора, албанија, плажи, одмор, бутринт, ksamil, odmor, bora bora, albanija, saranda, саранда, валона, драч

Плажата на островот

Од оваа плажа се плива до островот

ксамил, бора бора, албанија, плажи, одмор, бутринт, ksamil, odmor, bora bora, albanija, saranda, саранда, валона, драч

Поглед од кафулето

Сплавот кај Бутринт

автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 15248 пати.

Коментари [1]

mimi4

Ксамил е незаборавното мало гратче исто и плажата Бора Бора

Додади коментар

Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар

НА ДЕНЕШЕН ДЕН

20 април

20 април

Во 1950 година е роден Столе Попов, еден од најистакнатите македонски филмски режисери.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус