Мој предлог

Под мермерно небо – книга за градењето на Таџ Махал

23 јануари, 06:34

Приказната ќе ве врати во 17 век, во Хиндустан. Време на една голема династија, време на немири и власт, но и време на длабока и искрена љубов која ќе биде овековечена со изградбата на Таџ Махал, најубавиот споменик на љубовта.

„Под мермерно небо” е роман на Џон Шорз, приказна која се темели на историски факти, приказна за познатиот градител на Таџ Махал, Исо, и неговата безвременска љубов со принцезата Џаханара.

Ако една хероина може да се опише како прекрасна личност, достоинствена и добра душа, храбра и пожртвувана, тоа секако е принцезата Џаханара, преку која е раскажана приказната за градењето на безвременското здание.

Романот ја следи судбината на владетелското семејство, борбата за превласт и распаѓањето на една династија.

Прекрасната приказна сведочи за моќта на љубовта која секогаш наоѓа начин да опстане, за мермерниот сведок на љубовта кој и денес гордо стои под небото, и сето тоа е раскажано на толку непосреден начин што и вие ќе станете дел од тој толку далечен свет, дел од историјата на Таџ Махал.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 3979 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НАЈПОПУЛАРНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

© 2018 MOJ PORTAL  All Rights Reserved.   изработено од Асидус