Мој предлог

СВЕТЕЦОТ, СУРФЕРОТ И ДИРЕКТОРОТ

07 мај, 00:07

Најголемите вистини најчесто се толку едноставни, што кога некој ќе ни ги каже не успеваме да ги препознаеме. Поради тоа писателите мораат да ни ги спакуваат во некоја приказна која ќе го привлече нашето внимание и ќе ни помогне полесно да ги осознаеме.

Робин Шарма е еден од писателитe на кои тоа им поаѓа од рака и со својот едноставен пристап успеваат да допрат до читателите и да им пренесат многу моќни пораки.

Неговата книга „Светецот, сурферот и директорот“, која е своевидно продолжение на „Калуѓерот што го продаде своето ферари“, е одличен пример за добро спакувана вистина зачинета со доволно мистичност и авантура за да го привлече вниманието и на најпребирливите читатели.

Страниците на оваа книга откриваат практични и многу моќни методи за ново создавање, „раѓање“ на животот и наново поврзување со нашето најдобро јас.

Оваа книга ни дава моќен спој на длабока мудрост и практични животни лекции кои помагаат да ја откриеме својата судбина, да ја живееме највисоката вистина како човечки суштества и да ја најдеме постојаната среќа што ја бараме.

Ако сте подготвени да го живеете својот НАЈДОБАР ЖИВОТ сега, прочитајте ја оваа извонредна книга.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 3708 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

18 април

18 април

Денес се навршуваат 59 години од смртта на Алберт Ајнштајн, генијалец со објавени над 300 научни и 150 ненаучни трудови.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус