Мој предлог

„The Hunger Games - Catching Fire”

12 февруари, 13:02

„The Hunger Games - Catching Fire” е второто продолжение од трилогијата „The Hunger Games” - американска научно фантастична авантура која премиера доживеа на 15 ноември минатата година во Бразил. 
Филмот наиде на позитивни критики од филмските критичари и стана најприкажуваниот филм низ кино салите ширум светот, со што се здоби и со одлична заработувачка, па поради тоа беше и прогласен за најгледан 2Д филм за 2013 година. 
Приказната и во овој дел ја следи истата како таа во првиот дел, во кој Кетнис Евердин, која ја игра Џенифер Лоренс и Пита Меларк, кој го игра Џош Хатчерсон се натпреваруваат во смртоносна игра во која правилата се немилосрдни.

Во ова продолжение откако Кетнис Евердин ќе го освои првото место во 74 - те по ред одржани Игри на гладните, заедно со нејзиниот верен пријател се враќаат во нејзиното родно место. 
Но стекнатата победа има цена која младите херои треба да ја платат одново, па поради тоа повторно треба да ги напуштат семејството и пријателите. По втор пат заминуваат да учествуваат во игрите во кои се водат борби до смрт. 
Овој пат креаторите на играта смислуваат сосема нови и немилосрдни правила во кои од сите натпреварувачи дозволено му е само на еден да победи на крајот ...

За филмот кој изобилува со прекрасни сцени добиени со помош на безброј компјутерски, аудио и визуелни ефекти и овој пат е потпишан режисерот Френсис Лоренс, а во останатите улоги се појавува истата актерска веќе докажана екипа која се појави и во првиот дел, меѓу кои се актерите Лиам Хемсворд , Вуди Харленсон, Елизабет Бенкс, Лени Кравиц и многу други.

Ако до сега не сте имале можност да ја погледнете оваа одлична научно фантастична авантура, сега е вистинското време да ја погледнете и да ѝ дозволите на приказната вистински да ве понесе.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 2659 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Март

29 Март
Во 1943 година е роден познатиот грчки композитор на електронска музика Евангелис Одисеас Папатанасиу или за јавноста познат под уметничкото име Вангелис.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус