Мој предлог

„Менталист”

05 август, 12:00

Добро познатиот видовит човек, Патрик Џејн (Сајмон Бејкер), одлучува да се приклучи кон Калифорниското истражно биро и да даде свој придонес во борбата против криминалот.
Патрик се одлучува на ваков чекор по убиството на неговите најмили, неговата сопруга и ќерка. Вработен како консултант, му помага на тимот агенти да ги решат најразличните видови на криминал.

Патрик ја користи неговата способност да ги забележува и најситните детали кои никој пред него не успеал да ги забележи и да биде многу успешен во извршувањето на неговата работа...
Серијата изобилува со возбудливи случки и несекојдневни настани, во секоја епизода сè повеќе ќе се запознавате со Патрик, кој користејќи ги своите необични и бизарни техники за решавање на криминалот понекогаш знае и да го навреди тимот со кој работи.
Идејата за креирање на оваа серија е на Бруно Хелер, кој се јавува и како извршен продуцент.
Останатите улоги ги толкуваат  Робин Туни, Тим Канг и други.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 5547 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 Март

28 Март

Во 1986 година во Њујорк е родена Стефани Џоан Ангелина или позната за светската јавност како Лејди Гага. 

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус