Позитива, Статии

Моќни афирмации за исполнет живот

27 октомври, 05:53

Знаете ли колку малку е потребно за да го промените својот живот на подобро?  Колку и да изгледа невозможно, доколку имате верба и искрено верувате дека среќата ќе го најде патот до вас, тогаш сè е возможно.

Изберете неколку афирмации и секој ден изговорете ги тивко, но со верба.

Ако се согласувате дека афирмациите имаат голема моќ, тогаш сте на вистинското место да ги изберете оние кои ви се потребни. Ако пак не верувате во моќта на афирмациите, не отфрлајте ја веднаш идејата за силата на позитивното размислување. Дадете си шанса да се уверите колку афирмациите се делотворни, бидејќи сè што може да загубите е само мал дел од вашето време, а за возврат ќе добиете непроценлива внатрешна енергија и исполнетост.

А сега, тивко изговорете ги овие моќни реченици и дозволете да станат дел од вашето секојдневие. Почувствувајте ја силата на сопствените зборови и зачекорете по патот на среќата.

Афирмации за среќа
Мојот живот е среќен, исполнет со љубов, радост и пријателство.
Ја избирам љубовта, радоста и среќата, го отворам моето срце и им дозволувам на сите убави нешта да влезат во мојот живот.

Афирмации за здравје
Моето тело заздравува лесно и брзо.
Секоја клетка од моето тело е исполнета со здравје и енергија.

Афирмација за благосостојба
Ги привлекувам богатствата од секаков вид.

Афирмации за самодоверба
Јас сум љубов, јас сум добрина, јас сум успех. Ниедна негативна енергија не може да допре до мене и да ме повреди. Јас сум чиста љубов и позитивна енергија.
Јас сум единствена личност, креативна, посебна, прекрасна.


Слободно создадете и ваши афирмации, изговорете го со верба сето она што сакате да ви се случи, без разлика дали станува збор за здравје, мир во домот, среќа... Секоја позитивна мисла изговорена со љубов и верба може да биде ваша афирмација.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 5747 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


ПОПУЛАРНО

НА ДЕНЕШЕН ДЕН

5 Јули

5 Јули

Во 1989 година е роден Шон О`Прај, американски машки модел роден во Грузија.

© 2020 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус