Позитива, Мисли

Молитва која ќе ве направи подобри луѓе

15 септември, 00:01

Заборавете на себичноста, на материјалното богатство и завидливоста.

Отворете го срцето и дозволете ѝ на добрината да ве промени, да ве научи како треба да се живее, да ве направи подобри луѓе.

Прочитајте ја молитвата со верба и разбирање и дозволете ѝ да ве води низ животот, по пат прекриен со светлина и радост.

 

До крајот на мојот живот, во овој толку посебен ден, помогни ми Господе:
Да бидам добар со сите, имајќи на ум дека животот е прекраток за да го трошиме на осветољубивост и злоба и дека пребрзо завршува за да имаме време да бидеме нељубезни;

Да истраам во она што го правам, дури и тогаш кога другите ќе престанат да се трудат, зошто сега знам дека ангелот на среќата и ќуп злато ме чекаат дури на крајот на оној додатен километар кој сè уште лежи пред мене;

Никогаш да не губам верба во подобро утре зошто знам дека некој ќе ме слушне ако на вратата тропам доволно долго и доволно силно;

До крајот на мојот живот, во овој толку посебен ден, помогни ми Господе:
Да се радувам на она што го имам па колку малку и да е, и секогаш да се присетувам на приказната за човекот кој бил тажен бидејќи немал чевли, сè додека не сретнал човек кој немал  нозе;

Да им го правам на другите она што би сакал да ми го прават мене, во секој миг да давам од себе повеќе одколку што се очекува, да си поставам цели и да се држам до моите сништа, да барам добро во секое зло што ќе ме снајде и најмногу од сè,  да бидам свој.

До крајот на мојот живот, во овој толку посебен ден, помогни ми Господе:
Да се прифатам себеси онаков каков што сум не дозволувајќи чувството на должност да ме примора да живеам по обрасци кои други ги направиле за свое добро;
И над сè, те молам, остани со мене цел овој ден...”

„Најголемото чудо на светот”
Ог Мандино

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 5635 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Март

29 Март
Во 1943 година е роден познатиот грчки композитор на електронска музика Евангелис Одисеас Папатанасиу или за јавноста познат под уметничкото име Вангелис.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус