Животен стил

Момците не сакаат ...

18 февруари, 00:08

 

 

 

 

 

 

СОЛЗИ
Со многубројни испитувања веќе е докажано дека солзите на партнерката не можат да допрат до машките срца, тие на некој начин се „исклучуваат” штом забележат дека нивната партнерка плаче. 
Сочувството е сосема друга работа, но ако за некоја не толку многу важна работа момците забележат дека вие отповеќе емотивно реагирате, веднаш го губат интересот за вас во тој момент и можно е да ве остават подолго време да бидете сами, додека да излезете од емотивната криза. 
Девојки имајте на ум дека со насолзено лице и очи полни со солзи ја губите атрактивноста во очите на вашиот партнер, па затоа со таквите емотивно кризни моменти справувајте се самите.

ВЛАКНА
Влакната на нозете и на рацете се најголемите непријатели на момците. Голем дел од нив, ако не и сите, премногу се осетливи по ова прашање. 
Нив им се привлечни девојки кои имаат изразено мазна и негувана кожа. 
Девојки ако сакате секогаш да бидете привлечни за вашиот партнер, тогаш депилацијата нека стане ваша рутина и ваша навика.

СЛАТКИ МИРИСИ
Ако сакате да го заведете вашиот партнер, наместо да употребувате слатки и овошни мириси, употребувајте свежи, пријатни и цветни мириси. 
Одберете парфем според вкусот на вашиот партнер, бидејќи за него треба секогаш да бидете неодоливи, а не сте во врска, одберете цветен мирис и освојте го срцето на вашиот симпатија.

КОГА ГО НОСИТЕ НИВНИОТ ДОЛЕН ВЕШ
Иако поголемиот број жени и девојки мислат дека е забавно да го носат долниот веш на нивните партнери, во пракса се покажало дека тоа не е ни најмалку привлечно за момците. Напротив тие воопшто не поднесуваат кога го облекувате нивниот веш. 
Девојки ако сакате да го заведете вашиот партнер тогаш облечете некоја провокативна ноќница или некој ваш добар секси долен веш и верувајте дека резултатите ќе бидат многу подобри.

ЧЕСТО МЕНУВАЊЕ НА ФРИЗУРАТА
Секоја промена е добредојдена но не и за конзервативните момчиња кои не поднесуваат чести промени. Ако вашето момче спаѓа во оваа група тогаш ви препорачуваме да не експериментирате со вашиот изглед, со цел повеќе да му се допаднете. Наместо да ризикувате прашајте го за совет и мислење и заедно донесете одлука која промена да ја направите.

ИСПАКНУВАЊЕ НА УСНИТЕ КОГА СЕ ФОТОГРАФИРАТЕ
Наместо да ги испакнувате устите, кога се фотографирате имајте ја вашата природна насмевка на лицето. 
Испакнувањето на устите е еден нов вид моден тренд кој ги има зафатено девојките во речиси целиот свет, но вистината е дека на момците таквите фотографии не им се воопшто привлечни и интересни. Затоа ако сакате да освоите нечие машко срце бидете природни и не премногу нападни.

ПЕДИКИР И ЛАКИРАЊЕ НА НОКТИ
Секако дека момците сакаат нивните партнерки да изгледаат совршено негувани и ултра модерни, сакаат да бидат во тек со најновите модни трендови и сакаат да бидат со девојки кои се грижат за нивниот надворешен изглед. 
Убаво обликуваните и лакирани нокти се дел од изгледот на секоја девојка, детаљ на кој и момците му даваат значење. Но треба да се знае дека момците не сакаат да присуствуваат на моментот во кој вие ги средувате и лакирате вашите нокти. Тие мислат дека тоа е ваша приватна работа, па девојки потрудете се тоа така и да биде.  


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 1749 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 април

19 април

Во 1956 година, славната Грејс Кели се повлекла од актерството и стапила во брак со Принцот Рение од Монако.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус