Позитива, Статии

Мудроста на Буда – пат кон среќата

01 април, 00:03

„Кога ученикот е подготвен, учителот ќе се појави”.
-Буда-

Ако сте ја кликнале статијата за да дознаете дел од мудростите на Буда, можеби сте подготвени да научите.

Но, ако сè се заврши само со читање, без да ги разберете и примените големите мудрости, вашето време за учење сè уште не е дојдено.


Има голема вистина во тоа дека учителот секогаш се појавува кај оние кои се подготвени да учат. Може да се појави во вид на книга која „случајно” ќе дојде во вашите раце, во човек кој „случајно” ќе го запознаете, а чие однесување ќе ви го промени животот на подобро ....

Ништо не е случајно. Прашањето е само дали вие како ученици сте подготвени да го примите знаењето кое ве чека. Ако не сте, не се обесхрабрувајте. Со самата ваша слободна волја да дознаете што се крие зад  „Мудроста на Буда – пат кон среќата”, вие сте веќе на добар пат да станете достојни ученици кои еден ден ќе ја откријат смислата на животот.

Ви посакувам успешно патување!


Мудростите на Буда

„И да прочиташ многу свети книги, и да изговориш многу свети мисли, каква корист ќе има ако не дејствуваш во согласност со нив?”
„Три нешта не остануваат скриени долго време: Сонцето, Месечината и Вистината”.
„Ако навистина се сакаш себеси, никогаш нема да повредиш некој друг”.
„Дождот паѓа подеднакво на праведните и неправедните. Затоа, не суди им на другите, биди како дождот, подеднакво добар со сите”.
„Ако не се грижиме за другите кога им треба помош, кој утре ќе се грижи за нас? ”
„Чувањето лутина во себе е како да пиеш отров, а притоа да очекуваш некој друг да се отруе”.
„Трпението е најголемата молитва”.
„Ако запалиш светло за некого, ќе го осветлиш и својот пат”.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 3113 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 Март

28 Март

Во 1986 година во Њујорк е родена Стефани Џоан Ангелина или позната за светската јавност како Лејди Гага. 

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус