На денешен ден

19 Септември

19 септември, 00:01

Во 1949 година во Лондон е родена Твиги, фотомодел кој остави посебен белег во светот на модата.

Девојката со слабо тело и неверојатно крупни очи беше синоним за топ модел и модна икона на 60-те.

Нејзиното лице се појавуваше на насловните страници на Вог, а Твиги ги освојуваше модните писти во Јапонија, Франција и САД.

По завршувањето на кариерата како модел, Твиги се посвети на актерството и музиката.

Во 1998 година излезе од печат нејзината автобиографија Твиги во црно-бело која веднаш стана светски бестселер.

 


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 1013 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

20 април

20 април

Во 1950 година е роден Столе Попов, еден од најистакнатите македонски филмски режисери.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус