На денешен ден

2 Септември

02 септември, 00:01

Актерката Селма Хајек е родена во 1966 година во Мексико, како ќерка на мајка која потекнува од Шпанија и татко од Либија.

Во текот на тинејџерските години Хајек живее со нејзината тетка во Хјустон, Тексас, и воедно посетува манастирско училиште во Луизијана.

Порасна во католичко семејство и беше доста добро воспитувана според законите на католичката црква.

Се запишува на Универзитет во Мексико Сити, но само кратко време студира бидејќи сака да глуми и се запишува во школа за глума. 

На почетокот имаше мали улоги во не толку познати серии, но во 1991 година, амбициозната Хајек се преселува во Лос Анџелес, во Калифорнија, со цел да го подобри нејзиниот англиски јазик и беше цврсто убедена дека еден ден ќе стане холивудска ѕвезда.

После четири години откако се пресели во Калифорнија, Хајек добива улога во популарниот филм „Desperado” и глуми заедно со Шпанскиот заводник Антонио Бандерас.
После таа улога, Хајек е ангажирана од врвни филмски режисери и нејзиниот сон да стане славна актерка, за многу кратко време се оствари.
Заработи номинација за Оскар за одлично одиграната улога во филмот „Frida”.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 1077 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

20 април

20 април

Во 1950 година е роден Столе Попов, еден од најистакнатите македонски филмски режисери.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус