На денешен ден
21 Септември
Во 1981 година е родена Никол Ричи, американски моден дизајнер и актерка.
Во 2003 година заедно со нејзината најдобра пријателка Парис Хилтон се појавуваат во реалното шоу „The Simple Life“, каде Ричи стекнува слава на комична личност.
Својата прва улога ја има во комичната драма „Kids in America“.
Ричи е автор на две новели: „The truth about diamonds“, која е нејзино автобиогравско дело и „Priceless“ приказна за девојка која губи сè во животот, за потоа одново да почне да ги учи вистинските вредности.
Никол Ричи е позната по својот уникатен стил поради што многумина ја нарекуваат модна икона. Денес, има свои колекции на: накит, чевли, трудничка облека и чанти.
Покрај нејзините скандали, во јавноста долго се говореше за нејзината здравствена состојба и премалата тежина, за што и самата изјави дека никоја девојка не треба да се огледува на неа.
Додади коментар