На денешен ден

23 Септември

23 септември, 00:01

Во 1949 година е роден Брус Фредерик Спрингстин, американски пејач, гитарист и композитор.

На доделувањето на дипломите за завршено средно образование Брус чувствувајќи се неудобно ќе избега.

На 13 година ја добива првата гитара како подарок од неговата мајка. По само кратко време успева да влезе како гитарист и повремено вокал на групата „The Castiles“.

Својот прв деби албум насловен „Greetings from Asbury Park N.J.“ го издава во 1973 година. Брус добива одлични критики, а дел од песните на албумот се искачуваат на првото место. Отогаш до денес Брус има издадено 17 албуми. Добитник е на 20 Греми награди, 2 награди за Златен глобус и десетици признанија.

 


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 767 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


© 2022 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус