На денешен ден

25 Септември

25 септември, 00:01

Во 1968 година е роден Вил Смит, американски актер и рапер.

Во 80-те години од минатиот век Вил Смит на јавноста ѝ беше познат како рап изведувач, кој подоцна во 90-те години од минатиот век навлезе и на актерската сцена.

Своето прво појавување го имаше во популарната телевизиска серија „The fresh prince of Bel-Air“. Првите улоги во играни филмови ги добива во средината на 90-те години од минатиот век, со што успева да стане најмоќниот актер во Холивуд. Во овој период Вил Смит освојува четири Греми награди.

Во 2012 година јавно ја искажа својата поддршка за легализација на истополовите бракови.

 


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 886 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 април

19 април

Во 1956 година, славната Грејс Кели се повлекла од актерството и стапила во брак со Принцот Рение од Монако.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус