На денешен ден

29 август

29 август, 00:01

Во 1958 година, во Индијана е роден Мајкл Џексон, човекот чие име е познато во секој дел од светот.

Талентиран пејач, текстописец, танчер, Мајкл Џексон е таткото на поп музиката, а неговото име е запишано во Гинисовата книга на рекорди како најпопуларниот забавувач на сите времиња.

Успешната музичка кариера го прослави, но неговиот живот беше исполнет со  контроверзни ситуации, судења и обвинувања, како и опседнатост со  пластичните операции за избелување на кожата на лицето.

Почина на 50 годишна возраст, оставајќи ја зад себе својата музика која го издигна високо меѓу ѕвездите.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 1031 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

23 април

23 април

Во 1616 година починал Вилијам Шекспир, англиски поет и драматург, автор на 38 драми, 154 сонети и неколку поеми.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус