На денешен ден

8 Септември

08 септември, 00:02

Во 1979 година во Пенсилванија, е родена познатата пејачка и текстописец Пинк.

Уметничкото име го добива по лик од нејзиниот омилен филм „Касапски кучиња” од тинејџерските денови, лик за кој сите нејзини блиски пријатели се согласиле дека имаат многу сличности.

Пинк како мало дете имала не толку среќно детство. Нејзиното семејство припаѓало на средната класа кое живеело во предградие на Филаделфија. Кога таа имала 3 години родителите се развеле, нешто што дополнително го отежнал нејзиниот понатамошен живот.

Но и покрај сите замки кои и ги приредил животот, Пинк успеа да се избори и да стане она што е денес, светски позната пејачка со темпераментен карактер.

Има издадено голем број албуми и хитови со што нејзиното име засекогаш ќе остане впишано во светското ѕвездено музичко небо.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 1010 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

20 април

20 април

Во 1950 година е роден Столе Попов, еден од најистакнатите македонски филмски режисери.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус