На одмор низ Македонија

03 август, 03:23

Ако сѐ уште не сте биле на летен одмор, ова ви е одличен предлог и одлична идеја.

Сте размислувале ли некогаш наместо да одите на одмор во некои од соседните земји, одморот да го поминете на домашен терен, во нашата Македонија?
Идејата во секој случај е интересна и примамлива и звучи одлично особено ако се земе во предвид фактот дека во нашата чудесна Македонија имаме безброј прекрасни места на кои поголем дел од нас воопшто немаат одено, а некои и воопшто немаат слушнато за тие места.

Зошто ова лето да не тргнете на интересно и возбудливо патување низ Македонија?

Одморот можете да го организирате како што ви одговара најмногу, можете кога што сакате да тргнете на патување и кога што ви е ќеф да се вратите во вашиот дом.
Според вашиот буџет испланирајте колку денови ќе трае прошетката низ Македонија, направете план што сѐ сакате да посетите, каде сакате да одите, земете со вас она што ви е најнеопходно и започнете го вашето патување.

Предностите на вака испланиран и поминат одмор се многу, најпрво почнувајќи од намалените финансии кои би ги платиле за престој во некој од нашите хотели, мотели, планинарски домови или спиење по манастири (нешто што во последно време станува многу популарно), во споредба со парите кои би ги уплатиле во некои од хотелските или приватните сместувања во странство.

Потоа должината на патувањето и трошоците за превоз, и тие исто така се значително помали во однос на оние кога би патувале на пример во Црна Гора.

Патарините и долгите чекања на граничните премини се уште една позитивна страна на одмор поминат во Македонија.

Цените на храната се значително помали во однос на цените на храната кои ги има да речеме во Грција и поради тоа нема да има никаква потреба со вас да носите еден куп храна, бидејќи сѐ ќе ви биде достапно и по нормална цена, па така нема да имате потреба да се воздржувате од одреден вид на храна затоа што била прескапа.

Ако се случи некаков проблем со возилото можете било каде и со било кој да се разберете за помош, не мора да е објаснувате со мимики пореди непознавање на јазикот на земјата во која би престојувале.

Недостаток на ваквиот одмор секако е морето и здравата солена вода, но затоа пак имаме три прекрасни езера, од кои едното - Дојранското е лековито, па така решен би бил и проблемот со разладувањето во вода и со пливањето.

Ако се одлучите за одмор низ Македонија можете да испланирате да посетите некои од националните паркови, како Пелистер, Галичица, Маврово и други и ако сте од оние луѓе кои имаат авантуристички дух можете да спиете во шатори, доживување кое верувајте ќе ви биде незаборавно, а ако не сте до таа мера авантуристи, тука секако се планинарските домови кои нудат пријатно и евтино сместување.
Прошетките во природа, чистиот планински воздух, недопрената природа како и планинските реки и езера ќе ви ги исполнат сите сетила и ќе ви бидат ваши верни пријатели.

Исто така можете да посетите некои од нашите духовни манастири и цркви како што се Св. Јован Бигорски, манастирот во Рајчица, Лесновскиот манастир, Лешочкиот манастир, манастирот Зрзе и многу други со кои изобилува нашата мила Македонија.
Посетата на знаменитостите секако треба да биде задолжителна во вашата агенда, неизоставно треба да ги посетите Куклица - местото на здрвените кукли, Кокино - нашата мегалитска опсерваторија, Лесновските пештери, водопадите - Смоларскиот и Колешинскиот, да отидете до Мечкин камен, да се искачите на Маркови кули, да се прошетате во Берово, Валандово, Радовиш, Струга, Дебар, да го посетите Вевчани, да се искачите до милениумскиот крст на Водно, да го посетите манастирот Свето Преображение во Крушево, со кајче да се повозите низ Охридското езеро, да ја посетите Матка ...

Има толку многу интересни работи кои можат да се прават и да се видат во оваа наша чудесна Македонија.

Сепак на крај изборот секако е ваш, ваше е да одлучите на каков одмор ќе отидете ова лето, но при правењето на плановите имајте ја во предвид и оваа наша интересна понуда преку која само уште повеќе ќе си ја запознаете сопствената земја и после тоа ќе ја засакате уште посилно и уште повеќе.

Каде и да одлучите да одите, имајте пријатен летен одмор од кој ви посакуваме со себе да понесете безброј убави, среќни и прекрасни спомени.

На одмор низ Македонија, Na odmor niz Makedonija, kade na odmor, odmor, leten odmor, leto, Makedonija, каде на одмор, одмор, летен одмор, лето, Македонија
Охридско езеро

На одмор низ Македонија, Na odmor niz Makedonija, kade na odmor, odmor, leten odmor, leto, Makedonija, каде на одмор, одмор, летен одмор, лето, Македонија
Дојранско езеро

На одмор низ Македонија, Na odmor niz Makedonija, kade na odmor, odmor, leten odmor, leto, Makedonija, каде на одмор, одмор, летен одмор, лето, Македонија
Преспанско езеро

На одмор низ Македонија, Na odmor niz Makedonija, kade na odmor, odmor, leten odmor, leto, Makedonija, каде на одмор, одмор, летен одмор, лето, Македонија
Мавровско езеро

На одмор низ Македонија, Na odmor niz Makedonija, kade na odmor, odmor, leten odmor, leto, Makedonija, каде на одмор, одмор, летен одмор, лето, Македонија
Црква во Мавровското езеро

На одмор низ Македонија, Na odmor niz Makedonija, kade na odmor, odmor, leten odmor, leto, Makedonija, каде на одмор, одмор, летен одмор, лето, Македонија
Големо езеро на Пелистер

На одмор низ Македонија, Na odmor niz Makedonija, kade na odmor, odmor, leten odmor, leto, Makedonija, каде на одмор, одмор, летен одмор, лето, Македонија
Вевчани

На одмор низ Македонија, Na odmor niz Makedonija, kade na odmor, odmor, leten odmor, leto, Makedonija, каде на одмор, одмор, летен одмор, лето, Македонија
Лесновски пештери

На одмор низ Македонија, Na odmor niz Makedonija, kade na odmor, odmor, leten odmor, leto, Makedonija, каде на одмор, одмор, летен одмор, лето, Македонија
Куклица

На одмор низ Македонија, Na odmor niz Makedonija, kade na odmor, odmor, leten odmor, leto, Makedonija, каде на одмор, одмор, летен одмор, лето, Македонија
Маркови кули

На одмор низ Македонија, Na odmor niz Makedonija, kade na odmor, odmor, leten odmor, leto, Makedonija, каде на одмор, одмор, летен одмор, лето, Македонија
Кокино

 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 4930 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус