Прошетка низ Кајакој – градот дух
Доколку уживате во легенди и мистерии и се интересирате за историјата и минатото, Турција е дефинитивно најблиската дестинација која ќе го задоволи вашиот апетит и љубопитност.
Замокот Токат во северна Турција е местото каде Влад Дракул бил затворен во подземни зандани.
Според археолозите кои сè уште го истражуваат замокот, оваа мистериозна градба има таен подземен тунел и две зандани, а тие се речиси сигурни дека во една од нив престојувал моќниот Влад Цепеш, историска личност која послужила како инспирација за ликот на грофот Дракула.
Потрагата по необични места сигурно ќе ве одведе и во Кајакој, град во југозападна Турција, на околу 8 км. од Фетија.
Сè до 1922 година Кајакој бил сосема нормално место за живот, но со грчко-турскиот договор за размена на населението, жителите на 5000 години стариот град биле принудени да се иселат.
Денес Кајакој е град –дух, вистинска туристичка атракција и место каде слободно ќе ги истражувате двете цркви, старите куќи, фонтаните и сè она што останало од градот.
Замислете цел еден град потполно празен и оставен само за вас, град кој нуди можност да погледнете во секој агол, да влезете во нечиј дом, да бидете дел од нечија историја.
Престојот во Кајакој ќе ви го овозможи токму тоа, авантура, возбуда и враќање во минатото.
Градовите – духови не се ништо невообичаено и ги има насекаде низ светот. Немаат никаква врска со духови или натприродни сили, тие едноставно се напуштени места на кои некогаш имало живот.
Иако посетата на Кајакој не е откривање на некоја мистерија, чувството да се истражува едно вакво место сигурно е неповторливо.
Коментари [1]
suzanaPOKRAJ NAPRAVENATA STETA I INTERESNO MESTO ZA POSETA
Додади коментар