Животен стил, Пилатес и јога

Најчесто поставувани прашања за пилатес

04 ноември, 05:56

Кога станува збор за пилатес, многумина од нас не знаат дали треба  да започнат со пилатес и дали ќе можат да го издржат темпото на вежбите.

За да нема дилеми, ви одговараме на некои од најчесто поставуваните прашања околу пилатес вежбите.

 

 

Можам ли да се повредам додека вежбам пилатес?
Не, пилатес вежбите се нежни и бавни, па повредите се навистина реткост. Сепак, ако не сте во добра форма, имате здравствени проблеми или се опоравувате од некаква повреда, пожелно е да го известите вашиот учител по пилатес, со цел да ја прилагоди тежината на вежбите.

Дали пилатес вежбите ќе ми помогнат да ја намалам тежината?
Пилатес вежбите не се наменети за слабеење. Сепак, тие помагаат во губењето на тежината и го зацврстуваат телото. Доколку сакате да ги намалите килограмите, потребно е да комбинирате пилатес со здрава диета и физичка активност. Пробајте со пливање, пешачење или возење велосипед.

Дали сум премногу возрасен/возрасна за пилатес?
Не. Пилатес може да вежба секој што сака, наменет е за сите возрасти и никогаш не е доцна да започнете со вежбање.
Вашиот учител ќе ги прилагоди вежбите кон вашите потреби и можности.

Дали треба да бидам во добра форма за да вежбам пилатес?
Не. Напротив, најголем дел од оние кои се одлучуваат за пилатес не се во добра физичка форма. Вежбањето ќе ви помогне да бидете поподвижни и да ја подобрите физичката состојба на вашето тело.

Било која да е причината поради која ќе се одлучите за пилатес, не заборавајте на уште една важна придобивка – дружењето. Со тек на време, групата со која вежбате ви станува поблиска, стекнувате нови пријатели и едвај чекате да одите на вашиот час по пилатес.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 3097 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 Март

28 Март

Во 1986 година во Њујорк е родена Стефани Џоан Ангелина или позната за светската јавност како Лејди Гага. 

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус