Најдобриот кочијаш

02 февруари, 00:04

Кога некоја кралица одбирала кочијаш за својата кочија, нејзините слуги пред неа довеле тројца кандидати. Секој од нив бил познат како одличен кочијаш, но таа го сакала најдобриот од нив, па затоа на сите тројца им поставила по едно прашање.
- Колку си добар додека возиш? – го прашала првиот кочијаш.
- Ваше Височество! За мене се знае дека можам да возам по најтесниот планински пат и тоа цело време со една иста брзина.
- А каков кочијаш си ти? – го прашала кралицата вториот кочијаш.
- За мене е познато дека сум повешт и подобар кочијаш Ваше Височество! Со многу голема леснотија можам да возам по рабовите на провалии, а кочијата во ниеден момент нема да излезе од патот.
- А ти? – го прашала кралицата третиот и последен кочијаш, каков кочијаш си ти?
Последниот кочијаш одговорил:
- Ваше Височество! Јас секогаш возам колку што можам подалеку од провалии ...

Што мислите, кој кочијаш го одбрала кралицата како свој возач за далечните патувања?

Поука:
Не си играјте со вашата судбина и не ризикувајте кога не се бара тоа од вас.   

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 2095 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 Мај

19 Мај
Во 1962 година во САД, светски познатата пејачка Мерлин Монро, во чест на 45 - от роденден на тогашниот претседател Џорџ Кенеди, го испеа препевот на песната „Happy Birthday Mr. President”
© 2022 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус