Мој предлог, Книга

„Најголемата тајна на светот” - Ог Мандино

24 јули, 07:04

„Најголемата тајна на светот” е еден вид на прирачник кој ни открива како да ги користиме и искористиме десетте свитоци, кои овој извонреден писател ни ги даде во една од неговите многубројни книги, во книгата „Најголемиот трговец на светот”.
Оваа книга претставува продолжение на „Најголемиот трговец на светот”.

Иако првото поглавје во книгата малку збунува, треба да се прочита до крај за да се сфати суштината и пораката која авторот сака да ни ја пренесе.

Ова е извонредно предизвикувачка книга која со сигурност ќе го инспирира секој читател и ќе го натера да сфати кои се вистинските морални, духовни и финансиски цели во животот.

Ова е книга која инспирира и книга која го мотивира секој еден читател бидејќи е страшно добра.

Ог Мандино е писателот кој создавајќи вакви прекрасни книги кои уште се наречени и прирачници за животот, ги менува животите на милиони луѓе ширум светот.

Овој моќен творец на убаво напишаниот збор, преку неговото волшебно перо создава врвни уметнички прозни дела, дела кои доколку во внимание се прочитаат ќе го направат животот поубав, дела кои ќе ви помогнат да ја пронајдете среќата насекаде околу вас, дела кои ќе ве направат подобри, помудри и похумани луѓе.

„Најголемата тајна на светот” е книгата која им го промени животот на милиони луѓе ширум светот, па доколку сте спремни за позитивни промени, доколку сакате вашиот живот да ја добие вистинската смисла, неминовно треба во вашата домашна библиотека да ја имате и секако да ја прочитате оваа извонредна книга.

За да ве заинтригирам за содржината на книгата ќе издвојам неколку прекрасни мудри и моќни реченици од десетте свитоци, кои многу добро и на многу едноставен и лесен начин се опишани во неа.
Уживајте во читањето, размислете за животот и разберете ја пораката на книгата.

„Свиток 1: Денес започнувам нов живот.
 Свиток 2: Го поздравувам овој ден со љубов во срцето
 Свиток 3: Ќе истраам сè додека не успеам.
 Свиток 4: Јас сум најголемото чудо на природата.
 Свиток 5: Ќе го живеам овој ден како да ми е последен.
 Свиток 6: Денес ќе бидам господар на своите чувства.
 Свиток 7: Ќе му се смеам на светот.
 Свиток 8: Денес стопати ќе ја зголемам својата вредност.
 Свиток 9: Моите соништа се безвредни, моите намери се прави, моите цели се неможни.
 Свиток 10: Кој има така малку верба за во мигот на големата несреќа или душевна болка да не го повикал својот Господ?”


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 4736 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус