Занимливост, Убави нешта
Најинтересните плажи во светот
Во овие пеколни денови кога температурите се веќе неподносливи, убаво на сите ќе ни дојде ако можеме малку да се разладиме.
Ако веќе сте на летен годишен одмор сигурно веќе се разладувате во езеро, базен или море и немате потреба од дополнително разладување, но ако сте дома имате плус причина да ја прочитате нашата статија, која барем малку ќе ве разлади и ќе ви даде чувство на свежина.
Денешна статија се однесува на најинтересните плажи во светот.
Преку фотографии ќе се запознаеме со Стаклената плажа во Калифорнија, со Розовата плажа во Бермуда, со Златниот `рт во Хрватска и со многу други плажи.
Со денешната виртуелна прошетка на момент ќе можеме да отпатуваме на места за кои не сме ни знаеле дека постојат, ќе можеме да ги посетиме повеќето интересни и невообичаени плажи и ќе можеме на момент да уживаме во нивните убавини.
Подготвени сме за патување, па можеме да започнеме.
Златниот `рт во Хрватска
Розовата плажа во Бермуда
Scala dai Turchei во Италија
San Alfonso Del Mar во Чиле
Papakolea плажата во Хаваи
Moho плажата во Свети Маартен
Gulpiyuri во Шпанија
Скриената плажа во Мексико
Стаклената плажа во Калифорнија
Додади коментар