Занимливост, Интересно

Најновиот Гинисов рекорд

22 август, 00:43

Страниците на Гинисовата книга со рекорди постојано се пополнуваат, а најновиот запис ќе биде рекордот на црвенокосите.

Имено, пред неколку дена во Портланд се одржа собир на 1 600 природно црвенокоси девојки и момчиња кои се собраа на едно место за да се запишат во Гинисовата книга.

Последниот ваков рекорд го држеше толпата од 1 225 црвенокоси луѓе од Холандија.

Црвенокосите луѓе од државата Орегон го преплавија градот Портланд. Со себе носеа и фотографија од детството, со цел да докажат дека се природно црвенокоси.

На Гинисовиот тим ќе му бидат потребни неколку месеци да ги обработи податоците и да ја потврди веродостојноста на црвенокосите.

Настанот беше организиран и со цел да се соберат средства за Фондацијата за рак на кожата. Токму луѓето со светла боја на кожата и косата се најмногу изложени на ризик од оваа болест.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 1638 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 април

19 април

Во 1956 година, славната Грејс Кели се повлекла од актерството и стапила во брак со Принцот Рение од Монако.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус