Најскапите автомобили во светот
Погледнете ја листата на најскапи автомобили во светот.
1. Maybach Exelero - 8 милиони долари
Најскапиот автомобил во светот. Поимот за германски луксузен автомобил не е сериски. Тоа е прототип кој е произведен во само еден примерок. Произведен и прикажан е во 2005 година во Берлин. Купето двосед лежи на специјални гуми Фулда. Како „актер” се појавува во видео записот на Jay-Z за песната „Lost one”. Се шпекулира дека раперот Birdman планира да го купи ова чудо од автомобил.
2. Koenigsegg CCXR Trevita - 4,85 милиони долари
Овој е еден од најскапите автомобили произведен во последните неколку години. Како специјално издание на шведскиот производител на хипер автомобили, каросеријата на CCXR Trevita е направена од јаглеродни влакна, со дијамантен финиш. Автомобилот е толку брз што дури и можно е да не го забележите ако помине покрај вас на автопат.
3. Lamborghini Sesto Elemento - 2.2 милиони долари
Sesto Elemento иако сѐ уште не стапнал на возачките патеки, сите дваесет копии веќе се продадени. Се проценува дека брзината од 0 до 100 ја постигнува за 2,5 секунди. Овој супер брз автомобил располага со 570 КС, а интересен е податокот кој кажува дека не е дозволено секаде да се вози.
4. Pagani Zonda Cinque Roadster - 1.85 милиони долари
Италијанскиот производител на ексклузивни егзотики Pagani, исто така креира специјално издание на кабрио со име Cinque. Автомобилот се карактеризира со каросерија од специјални јаглеродни влакна. Содржи титаниум со цел да се зголеми неговата отпорност и цврстина, а истовремено да се намали телесната тежина. Произведени се само пет примероци од овој автомобил.
5. Aston Martin One - 77 - 1,85 милиони долари
Британскиот производител на супер автомобили има произведено само 77 примероци од овој модел. Каросеријата е направена од алуминиум и тоа рачно. Максималната брзина е 355 км/ч а забрзува од 0 до 100 км/ч за 3,4 секунди. Само оние кои се среќници имале можност да го погледнат овој автомобил во акција.
6. Maybach Landaulet - 1,4 милиони долари
Ова е автомобилот кој е направен да изгледа луксузно. Станува збор за најскапиот автомобил со четири врати. Опремен е со различни хедонистички компоненти, а задниот дел од автомобилот слободно може да се нарече луксузен апартман бидејќи физички може целосно да се одвои од возачот со кој може да се комуницира преку домофон.
7. Ferrari LaFerrari - 1.3 милиони долари
Најмоќниот Ferrari има 949 КС. Се проценува дека може да достигне и до 370 км /ч. Интересно е тоа што ова Ferrari освен што е најмоќното Ferrari до сега воопшто произведено, тоа троши значително помалку гориво од своите послаби „браќа”. Оваа серија е произведена во 499 примероци.
8. McLaren P1 - 1.15 милиони долари
Иако овој автомобил е малку „послаб” од V12 LaFerrari, неговата хибридна енергетска моќ е за секоја почит. Дури и 903-те КС генерирани се од 3,8-литарскиот твин-турбо V8 мотор, кој со помош на електро единиците може да достигне брзина од 350 км/ч.
9. Porsche 918 Spyder - 845 илјади долари
Германската возачка перфекција е неверојатно брза, но може да се класифицира во групата на автомобили наречена „еко пријатели”. Има многу мала потрошувачка со неверојатно ниска емисија на CO2 за автомобил со вакви перформанси. Максимална брзина му е 350 км/ч, а до стотка забрзува за само 2,8 секунди.
10. Leblanc Mirabeau - 765 илјади долари
Иако е најевтиниот на оваа листа, Leblanc Mirabeau е сериозен супер автомобил. Користи 4,7-литарски V8 мотор со 700 КС и достигнува максимална брзина од 370 км/ч. Ова е вистински легално дозволен тркач.
Додади коментар