Занимливост, Убави нешта
Најубавата ботаничка градина
Оваа година Монтреал ќе биде т.н. „Земја на надежта”, бидејќи од 22 јуни до 29 септември ќе биде домаќин на изложбата под тоа име, на која ќе бидат претставени најразлични цветни креации од целиот свет.
До сега своето учество го потврдија повеќе од 20 земји, а на изложбата ќе бидат претставени повеќе од 50 креации.
Изложбата е именувана како „Земја на надежта” бидејќи преку неа се сака да се подигне свеста на луѓето за важноста и зачувувањето на богатството на разноликиот живот на Земјата.
Цветните креации се дела на познати врвни уметници - ботаничари, кои со огромна љубов и внимание, многу полека и внимателно го оформуваат секој еден дел од цветниот аранжман. Така, благодарение на нивната трпеливост и љубов се добиваат овие прекрасни цветни бродови, пчели, мајмуни, гуштери и секаков вид на други животни, кои на некој начин се во опасност од исчезнување.
За изработка на аранжманите употребена е mosaiculture хортикултурната уметност која дозволува употреба на едногодишни разнобојни растенија.
Уметноста на човекот не познава граници, па така се создадени и овие прекрасни врвни уметнички дела кои се неверојатно убави и кои со голема прецизност ги отсликуваат оригиналните животни и предмети.
Ова е убав начин за да се сврти вниманието на луѓето кон природата и кон животните со цел да се заштитат и да не се ловат и истребуваат.
Аранжманите се навистина прекрасни, погледнете ги!
Додади коментар