Позитива, Мисли

Најубавите афирмации

18 ноември, 10:01

Можеби ќе се изненадите, но афирмациите имаат неверојатна моќ да го променат нашиот живот на подобро.

Навидум обичните реченици, изговорени со верба и искреност, допираат до нас и ни отвораат пат кон среќата.

Нашите мисли ја одредуваат нашата иднина – едноставната вистина на Лујза Хеј е водилка низ прекрасната книга „Како да го излечите својот живот”.

Афирмациите се земени токму од книгата на Хеј. Внимателно прочитајте ги, повторувајте ги секој ден, слободно додадете своја афирмација.

Ако верувате во моќта на позитивната мисла, овие реченици навистина ќе ви го променат животот, ќе ви отворат нови хоризонти, ќе ве направат подобри луѓе, отворени за убави нешта, за радост, среќа и успех.

 

Во мојот свет сè е добро.
Во бескрајот на животот во кој се наоѓам, сè е совршено, цело и потполно.
Јас сум на вистинското место, во вистинското време и ги правам вистинските работи.
Денес е прекрасен ден. Сакам така да биде.
Работам најдобро што можам. Секој ден ми е сè полесно.
Своите позитивни мисли ги користам да го создадам токму она што го сакам.
Мојот ден започнува со благодарност и веселост.
Ми се допаѓа тоа што сум и што работам.
Живеам во хармонија и рамнотежа со секого кого го познавам.
Во мене се наоѓа сè што е потребно за успех.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 5274 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

9 Февруари

9 Февруари

Во 1974 година е родена американската актерка и модел Амбер Валета. 

© 2023 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус