Најубавите обичаи на Индијанците

05 мај, 06:43

Индијанците отсекогаш фасцинирале со својата традиција и обичаи.

Нивниот едноставен начин на живот, нивната неверојатна поврзаност со природата, длабоката духовност и придавањето важност на малите нешта се ретки одлики кои навистина се за восхит.

Индијанските обичаи се приказна за себе, приказна од која може многу да се научи за духовноста, за силата на вербата и повторно за таа силна поврзаност со природата без која не би постоеле ни луѓето.

Тотеми

Едно од основните верувања на Индијанците е дека секој човек уште од раѓање во себе носи присуство на некое животно. Орелот, волкот и мечката се дел од тие вродени духови на животните кои живеат во Индијанците, и секој член на племето си зема име на некое животно кое ќе претставува негов ангел чувар и водич низ животот.
 

Танцување

Најубавите обичаи на Индијанците, Ингијанци, обичаи, традиција, духовност, каубојци, соништа, танц, Навахо индијанци, светиот дух, indijanci, obicai, duhovnost, sonista

Танцот отсекогаш бил дел од животот на луѓето, но она што танцот на Индијанците го прави толку посебен е целта на танцувањето.
Современиот човек танцува на забави и семејни прослави и танцувањето нема никаква друга страна освен онаа забавната. За Индијанците танцот е начин да се искаже благодарност кон природата, да ѝ се оддаде признание на храброста, да се слави животот.
Има толку многу причини да се биде благодарен и тоа е едно од нештата кои треба да ги научиме од Индијанците. Нивниот едноставен начин на живот ги научил да се радуваат на секоја ситница, на сè што е дел од нивниот живот.
Дали некогаш сте помислиле да се заблагодарите за добрата жетва, за Сонцето без чија светлина не би живееле, за дождот кој значи живот... Индијанците имале танц за секое од овие нешта, а благодарноста за она што го имаат ја искажувале токму преку танцот.
 

Цртање со песок

Најубавите обичаи на Индијанците, Ингијанци, обичаи, традиција, духовност, каубојци, соништа, танц, Навахо индијанци, светиот дух, indijanci, obicai, duhovnost, sonista

Според Навахо Индијанците, традицијата на цртање со песок потекнува од нивните Свети луѓе. Прекрасните цртежи имаат длабоко симболично значење и се создавале во време на жетва или при лекување на болните. За да добијат повеќе бои, Индијанците користеле гипс, јаглен, црвена песок, па дури и разнобојни цветови, сè што наоѓале во природата, а можело да послужи како материјал за цртање. На цртежите најчесто биле претставувани свети места, визии и традиционални танци.
 

Светиот дух

Според Индијанците, Светиот дух е насекаде и во секој човек. Претставен е преку Таткото Небо, Мајката Земја и Големата Духовна Мајка. Верувањето во Светиот дух било толку силно, што секое утро, пред да започнеле со секојдневните активности, сите му се заблагодарувале на Светиот дух за новиот ден кој е пред нив.
 

Кукли

Најубавите обичаи на Индијанците, Ингијанци, обичаи, традиција, духовност, каубојци, соништа, танц, Навахо индијанци, светиот дух, indijanci, obicai, duhovnost, sonista

Изработката на кукли повторно била поврзана со духовноста. Куклите им ги подарувале на децата, а секоја кукла имала свое значење. Индијанците верувале дека куклите се свети духови на некое животно, некој одамна починат свет член на племето, или духови кои живееле на светите планини.
 

Ловецот на соништа

Најубавите обичаи на Индијанците, Ингијанци, обичаи, традиција, духовност, каубојци, соништа, танц, Навахо индијанци, светиот дух, indijanci, obicai, duhovnost, sonista

Прекрасните талисмани познати како „Ловци на соништа” биле изработувани од кожа, мониста, гранчиња и пердуви. Индијанците верувале дека ноќта е полна со добри и лоши соништа, а целта на талисманите била да ги привлечат добрите. „Ловците на соништа” ги поставувале над крошните на новороденчињата и верувале дека нежното движење на пердувите ќе им го покаже патот на добрите соништа, па бебето ќе спие мирно и спокојно. Благодарени на талисманот, лошите соништа ќе се изгубат во мракот, а со доаѓањето на утрото потполно ќе исчезнат.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 4389 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус