Животен стил, За неа
Најубавите венчаници на Оскар де ла Рента
Во чест на култниот моден дизајнер кој во понеделникот го напушти овој свет, издвоивме дел од неговите најубави креации наменети за идните невести.
Оскар де ла Рента е име кое засекогаш ќе остане запаметено во светот на модата.
Неговите елегантни креации наидуваа на воодушевување кај познавачите на модата, а неуморниот креатор со децении одново и одново ги задоволуваше префинетите вкусови на дамите од високата класа.
Неговото творештво е многу обемно, но во негова чест ги издвоивме венчаниците токму поради посебниот однос на дизајнерот кон овие креации.
Создавајќи ги со многу љубов и внимание, дизајнерот сакал секоја невеста да се вљуби во својата венчаница, токму како што се вљубила и во човекот за кој ќе се омажи.
Софистицирани и гламурозни, неговите венчаници се приказна сама за себе и сигурно ќе се вљубите во некоја од нив, дури и ако не сте идна невеста.
Додади коментар