Најубавото место во светот

26 април, 03:57

Неговите староседелци, Маорите, го нарекуваат Aotearoa или Земјата на долгиот бел облак. За нас е познат како Нов Зеланд, остров на југозападниот дел од Пацификот.

Локалните жители, туристите, фотографите од целиот свет и сите оние кои ја посетиле, тврдат дека Нов Зеланд е најубавата земја во светот.

Ве покануваме на прошетка низ земјата која плени со прекрасните пејзажи и глетки кои го одземаат здивот.

Матамата

Оние кои го гледале култниот филм  „Господарот на прстените”, сигурно се запрашале каде се снимени сцените од земјата на Хобитите. Матамата е делот од Нов Зеланд каде природата создала таква убавина што не може да се опише со зборови.
Матамата е дом на Хобитон, направен за потребите на филмот, место каде се сместени малите слатки куќички на Хобитите. Самото место делува толку волшебно, што ќе имате впечаток дека Хобитите навистина постојат и весело чекорат по Матамата.

hobbiton-matamata, нов зеланд, хобити, матамата

hobbiton-matamata, нов зеланд, хобити, матамата

hobbiton-matamata, нов зеланд, хобити, матамата

hobbiton-matamata, нов зеланд, хобити, матамата

Фјордленд

Националниот парк Фјордленд е чудесен дом на дождовни шуми, водопади и фјордови – длабоки и тесни заливи.
Природата која се рефлектира од водата создава пејзажи со чудесна убавина, и токму овде ќе бидете сведоци на сплотеноста на земјата и водата.

fiordland, nacionalenl park, национален парк, нов зеланд, фјордови

fiordland, nacionalenl park, национален парк, нов зеланд, фјордови

Роторуа  

Чудесното место на гејзери, термални води, прекрасни зелени езера и водопади е една од главните туристички дестинации во Нов Зеланд.
Единствено овде ќе бидете сведоци на најубавото виножито во светот и ќе уживате во убавината на 16 езера формирани од вулкански кратери.

Rotorua, Nov Zeland, нов зеланд, гејзери, термални води

Rotorua, Nov Zeland, нов зеланд, гејзери, термални води

Rotorua, Nov Zeland, нов зеланд, гејзери, термални води

Абел Тасман

Националниот парк Абел Тасман е уште една од многуте атракции во Нов Зеланд. Познат по прекрасните плажи и карпата Разделено јаболко, паркот е вистински рај за туристите и љубителите на природата.

национален парк, абел тасман, нов зеланд, nov zeland, abel tasman

национален парк, абел тасман, нов зеланд, nov zeland, abel tasman, razdeleno jabolko

Заливот на Островите

На оние со авантуристички дух на располагање им се 150 мали острови, сместени во Заливот на Островите. Секој од нив нуди можност за истражување и уживање на некоја од плажите.

zalivot na ostrovite, залив на островите, залив, остров, нов зеланд

Полуостровот Коромендел

Прекрасниот полуостров се наоѓа на околу 2 часа возење од Аукленд –најголемиот град во Нов Зеланд.
Коромендел е дом на најубавите плажи во Нов Зеланд, меѓу кои е и термалната плажа Hot Water Beach.

полуостров, Коромендел, нов зеланд, плажи

полуостров, Коромендел, нов зеланд, плажи

По оваа прекрасна прошетка, сигурно ќе се согласите дека Нов Зеланд е чудесна земја, место каде природата го покажала сиот свој раскош и убавина и заслужено ја нарекуваат најубавата земја во светот.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 5132 пати.

Коментари [1]

suzana

VOSHITUVACKI

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 Март

28 Март

Во 1986 година во Њујорк е родена Стефани Џоан Ангелина или позната за светската јавност како Лејди Гага. 

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус