Најважните нешта во животот

11 март, 03:40

 

 

 

 

 

 

Сакајќи да ги научи своите студенти кои нешта се најважни во животот, еден професор зел празна тегла и ја наполнил со поголеми камења.

„Дали теглата е полна?” - ги запрашал студентите. Тие веднаш одговориле дека е полна.
Професорот зел мали камчиња, ги ставил во теглата, ја протресил и камчињата ги пополниле празнините.

„Дали сега теглата е полна?” – запрашал, а одговорот повторно бил потврден.
Професорот во теглата ставил песок, повторно ја затресил и се пополниле сите празнини.

„Вашиот живот е како оваа тегла” - им рекол на студентите. „Камењата ги претставуваат најважните нешта во животот, вашето семејство, партнерот, пријателите, вашето здравје. Малите камчиња се помалку важните нешта, како вашата работа, автомобилот, куќата... А песокот го претставува останатото, сите оние нешта кои имаат најмала вредност.

Доколку теглата најпрво ја наполните со песок или со мали камчиња, нема да има место за камењата. Истото се случува и со вашиот живот, па доколку го исполните со неважни нешта, нема да имате место за камењата, односно за најважните нешта во животот.

Обрнете внимание на нештата кои се навистина важни, најдете време за своите деца, одведете го вашиот партнер на вечера, посетете ги пријателите.

Грижете се за „камењата” - најважните нешта во животот, сè останато е само песок”.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 3263 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

18 април

18 април

Денес се навршуваат 59 години од смртта на Алберт Ајнштајн, генијалец со објавени над 300 научни и 150 ненаучни трудови.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус