Највкусната чоколадна торта

16 август, 00:05

Постојат безброј рецепти за подготовка на чоколадна торта и секоја од нив е вкусна на посебен начин, но нашиот денешен предлог рецепт за чоколадна торта е пред сите други останати рецепти.

Начинот на подготовка на оваа чоколадна торта е лесен, не одзема многу време и не се потребни некои посебни состојки, како што тоа знае да биде случај со останатите торти.

Вкусот на чоколадната торта е нешто посебно, нешто што плени уште со првиот залак, нешто што ќе ве натера да посегнете и по уште едно парче.

Во првата прилика која ќе ви се укаже подгответе ја оваа неверојатно вкусна чоколадна торта и заситете ги вашите вкусови.

Потребни состојки за пандишпан:
6 јајца
200 гр. шеќер во прав
6 лажици брашно
1 прашок за печиво
1 ванилин шеќер
3 лажици какао

Потребни состојки за фил:
1 коцка маргарин
200 гр. шеќер во прав
3 јајца
200 гр. стопено чоколадо

За украсување: 1 кесичка шлаг крем од чоколадо

Подготовка на пандишпанот:
Одделете ги белките од жолчките и ставете ги во одделни садови. Во садот со жолчките додадете го шеќерот во прав и матете со миксер додека да се стопи шеќерот.
Белките убаво изматете ги во цврст снег и двете смеси убаво соединете ги во една хомогена смеса.
Во друг сад настрана со лажица убаво измешајте ги брашното, прашокот за печиво, ванилиниот шеќер и какаото и со непрекинато мешање со дрвена лажица додавајте ги во смесата со јајцата и шеќерот.
Промешајте уште еднаш убаво за да се соединат сите состојки, смесата истурете ја во плех обложен со хартија за печење и печете ја 30 минути во претходно загреана рерна на 180°Ц.
Откако пандишпанот ќе биде печен, оставете го да се излади и отстранете ја хартијата за печење. Потоа поделете го на 3 еднакви делови по должина и филувајте го.

Подготовка на филот:
Маргаринот се става во длабок сад и се мати со миксер додека да стане пенест. Се додава шеќерот во прав и повторно убаво се мати. И јајцата едно по едно се додаваат во смесата со постојано матење.
Двете чоколади се топат над пареа со малку млеко и откако ќе се оладат се додаваат во филот. Уште еднаш филот убаво се мати и се става во фрижидер за малку да се стегне.
Потоа тортата убаво се филова, одозгора се премачкува со убаво изматен шлаг крем од чоколадо, се става повторно во фрижидер за убаво да се стегне и се послужува.

Пријатен апетит! 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 32733 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 април

19 април

Во 1956 година, славната Грејс Кели се повлекла од актерството и стапила во брак со Принцот Рение од Монако.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус