Направете шведска пунџа

07 август, 06:28

Нешто што лесно се прави и секоја девојка би морала да се обиде е шведската пунџа. Елегантна, младешка и несекојдневна. Како се прави?

Потребни се црни шноли во форма на спирала, 3 тенки ластичиња, чешел за тапирање и лак за коса. 

 

 

 

Соберете го горниот дел од косата како на сликата и истапирајте го со чешел за да добие поголем волумен. 

Svedska pundza

Svedska pundza

Потоа направете плетенка без да го зафатите горниот дел кој е тапиран. 

Svedska pundza

Плетенката извртете ја во форма на пунџа и зацврстете ја со шноли. 

Svedska pundza

Останатиот дел од косата под пунџата поделете го на два еднакви дела. Од левата страна направете уште една плетенка и извиткајте ја околу претходно направената пунџа, и тоа во правец од десно кон лево.

Svedska pundza

Направете плетенка и од десниот дел и извиткајте ја околу пунџата, но во правец од лево кон десно. Зацврстете ги плетенките со шноли.

Svedska pundza

За крај ставете лак за коса и подготвени сте за излегување.


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 1765 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


ПОПУЛАРНО

НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 Мај

28 Мај
Во 1968 година во Мелбурн, Австралија, е родена мега популарната пејачка Кајли Миног, која пред да почне да се занимава со музика беше омилена ТВ актерка која се појавуваше во разни серии и филмови.
© 2020 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус