Направи сам
Божиќни и новогодишни салвети
Во пресрет на празниците кои ни доаѓаат Божиќ и Нова година, како и во пресрет на многубројните зимски слави, имендени и родендени ви претставуваме интересни, декоративни и уникатни салвети, кои дополнително ќе ја збогатат сечија трпеза.
Подготовката на овие т.н. Божиќни и новогодишни дрвца е многу лесна и едноставна. Потребни ви се еднобојни (со нив ефектот е најдобар) или шарени салвети, цветче или некој друг украс кој ќе биде ставен на врвот на салветата, малку трпение и многу љубов.
Новогодишната и Божиќната магија веќе се чувствува во воздухот и насекаде околу нас.
Започнува новогодишната треска во потрага по нешто што е ново и несекојдневно.
Овие салвети се токму тоа што ви треба, бидејќи го задоволуваат сечиј вкус и предизвикуваат чувство на задоволство, а при нивната подготовка новогодишната магија ќе ги исполни сите ваши сетила.
Изработката на салветите е прикажана чекор по чекор на фотографиите, а подолу во статијата можете да го погледнете и видеото на кое убаво е објаснета самата изработка.
Пријатна работа!
Додади коментар