Направи сам

Декорација на визитарски колачи

09 декември, 00:04

 

 

 

 

 

 

 

Нивното Височество - визитарските колачи се неразделен дел од трпезата на многу семејни прослави, имендени, веридби...
Декорацијата на ситни колачи не е едноставна, но со малку труд и желба може да направите прекрасни колачи.

Чоколадирање
Постапката на чоколадирање на колачите одзема најмногу време и енергија. За убаво чоколадирани колачи, ви предлагаме да ја следите следната постапка:

  • Пред да започнете со чоколадирење, подгответе сè што ви е потребно. Кога ќе се стопи, чоколадото мора веднаш да се употреби.
  • На масата ставете соодветен сад во кој ќе ги редите колачите, чепкалки за заби и некоја подлога на која ќе може да ги закачите чепкалките (парче стиропор, подметач за тенџериња...). Претходно пробајте дали чепкалките цврсто стојат на подлогата.
  • Стопете го чоколадото на пареа со малку млеко или масло.
  • Садот со стопено чоколадо ставете го на маса заедно со садот со вода кој сте го користеле при топење на чоколадото. Топлината на водата од садот ќе помогне чоколадото подолго време да остане течно и лесно за употреба.
  • Секое колаче закачете го на чепкалка, потопете го во чоколадото, оставете секунда – две над садот да се исцеди, па закачете ја чепкалката на подлогата.
  • Оставете чоколадото убаво да се здрви, отстранете ја чепкалката и доколку има потреба, со ноже нежно израмнете го делот каде стоела чепкалката. Тој дел е од долната страна и не се гледа, но може да е нерамен поради цедењето на вишокот чоколадо, па колачето да не стои убаво во чинијата.

Може да се случи чепкалките да излезат на горната површина на колачето. Не грижете се, кога ќе ги декорирате, тој дел ќе го покриете со чоколадо.

 

Декорирање

Кога ќе завршите со чоколадирење на колачите, следи највозбудливиот дел од подготовката – декорирањето.
Црните колачи може да ги украсите со бело чоколадо, и обратно.

  • Со мало лажиче земете малку стопено бело чоколадо, и со брзи движења на дланката напред – назад направете тенки линии на колачитe.

  • Направете топчиња или неправилни форми. Ставете чоколадо во мала ќеса за замрзнување, со ножичка сосем малку исечете го врвот и ќе добиете еден вид шприц за декорирање.

  • Со чепкалка за заби земајте по малку чоколадо, направете топче, а околу него ливчиња и ќе добиете цвет.

Разбудете ја вашата креативност и пробајте разни декорации. Украсете со цветови кои може да ги купите, со листови од бадеми, со мрвици, ореви, бисери...
Кога еднаш ќе почнете да декорирате колачи, идеите сами ќе доаѓаат.
Најважно е да уживате кога правите визитарски колачи и да ги правите од срце.
Сигурно ќе бидат и вкусни и убави за око.
Пријатна работаsmiley

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 12424 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

20 април

20 април

Во 1950 година е роден Столе Попов, еден од најистакнатите македонски филмски режисери.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус