Направи сам

Идеи за нови модни додатоци

03 јули, 03:09

Ако во вашиот плакар чувате парчиња облека кои веќе подолго време не сте ги носеле, тоа е показател дека треба да се ослободите од нив, или пак можете да ги искористите за добивање на некој сосема нов моден детаљ.
Идеи за искористување на таквите парчиња има премногу. Ние денес ви пренесуваме неколку идеи кои се надеваме дека успешно ќе можете да ги реализирате, со што ќе добиете сосема нов или освежен изглед на старите парчиња облека и други предмети кои секојдневно ги употребувате.

 

 

Искористете ја старата кравата на вашиот партнер
 

idei za novi modni dodatoci, идеи за нови модни додатоци, мода, moda

Во плакарот на партнерот забележувате дека има еден куп кравати кои тој подолго време не ги носи. Слободно одберете некоја од нив која вас најмногу ви се допаѓа и искористете ја за да направите моден детаљ за некоја ваша маичка, кошула или блуза. 
За реализирање на оваа идеја покрај кравата ви требаат и ножички, игла, конец и некое поголемо и впечатливо копче.
Од краватата треба да направите набори како што е прикажано на сликата, убаво да ги сошиете сите места каде се преклопува материјалот, на крајот да направите отвор за копчето и новиот лик на старата кравата е готов. 
Можете краватата да ја сошиете на маичката на која сакате да ја носите, а можете и само да ја ставите врз неа со што ќе можете да ја комбинирате со повеќе маички без да треба повторно да шиете.



На старата маичка дајте и нов изглед
 

idei za novi modni dodatoci, идеи за нови модни додатоци, мода, moda

Ако имате маичка во боја која веќе ви е мала и не можете повторно да ја облечете, тогаш е време со неа да ја збогатите вашата колекција на модни додатоци. 
На фотографијата многу добро е прикажан начинот како треба тоа да го изведете. Пресечете ја маичката до пределот каде започнуваат ракавите, потоа делот што го добивте засечете го во ленти внимавајќи да не го сечете материјалот до самиот крај, потоа добиените ленти убаво растегнете ги за да се засучи материјалот, отворете го за да добиете кружна форма, на некој дел украсете со некое парче материјал и вашето ново т.н. ланче е готово и спремно да го комбинирате со вашата облека.



Нов изглед на старите сандали

idei za novi modni dodatoci, идеи за нови модни додатоци, мода, moda

Вашите омилени сандали поради удобноста ги носите веќе подолго време. Сакате и понатаму да продолжите да ги носите, но сакате некако да ги измените, за да не се забележува дека тие се сепак оние старите и добри сандали. 
Постои решение и за тва. Потребно ви е некое парче материјал во боја која сакате да ја има на сандалите и машина за шиење. Исечете го материјалот во две долги ленти и на машината за шиење направете раб на средината на лентата. Потоа со рацете тегнете го конецот од лентите за да го соберете материјалот и да изгледа како што е прикажано на сликата. Со игла и конец зацврстете ја лентата по целата должина на сандалите и ќе добиете еден сосема нов лик на вашите стари и удобни сандали.



Уникатни белегзии

idei za novi modni dodatoci, идеи за нови модни додатоци, мода, moda

Ова идеја е наједноставна за реализирање затоа што потребни ви се само пластично шише, материјали во разни бои, ножички и лепило. 
Исечете прстени од шишето, премачкајте ги со лепило и врз нив залепете ги парчињата материјали претходно исечени на ленти. 
Ќе добиете навистина несекојдневни и уникатни белегзии со кои ќе ја збогатите вашата колекција на накит.  

 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 3170 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НАЈПОПУЛАРНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

© 2018 MOJ PORTAL  All Rights Reserved.   изработено од Асидус