Направи сам

Креативни решенија за понежниот пол

17 јануари, 05:52

Девојките сакаат ситници, уживаат да купуваат и никогаш не им е доста од марами, накит, обувки...

И така сè додека плакарите не им станат претесни, па во купот облека и накит не можат лесно да го најдат она што го бараат.

Можеби следните креативни решенија ќе ви помогнат малку подобро да ги организирате вашите омилени парчиња облека, накитот и некои други нешта.


Пластичните прстени кои ги има на завесите во бањите може да послужат за уредно наредени марами. Фатете се за работа и вашите марами повеќе нема да се губат меѓу облеката.

marami, марами, шарпи


Вашите омилени чизми подолго ќе траат и ќе изгледаат како нови доколку во нив ставите некое поцврсто списание или ролна од картон. На овој начин ќе ги заштитите од прекршување.

чизми, женски чизми, cizmi


Малите обетчиња постојано ви се губат, па секогаш ви треба време да го најдете второто обетче од парот? Старите копчиња од облеката употребете ги како држачи на обетките, така лесно ќе го имате секој пар обетки заедно, само изберете, ставете ги и подготвени сте за излегување.

обетки, накит, obetki, nakit, earings

obetki, nakit, earings, обетки, накит


За сите оние вредни девојки и жени кои знаат и сакаат да работат со игла и конец, ова е навистина креативна употреба на картонската влошка за јајца. Приборот за шиење ќе ви биде на едно место, а секогаш кога ќе посегнете по него, ќе бидете задоволни од оваа необична кутија. Ако по време се искине, лесно ќе ја заменете со нова.

прибор за шиење, конец

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 1929 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

20 април

20 април

Во 1950 година е роден Столе Попов, еден од најистакнатите македонски филмски режисери.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус