Направи сам

Направете домашен парфем по ваша желба

05 април, 00:02

Продавниците за парфеми се преполни со секакви видови и марки, едноставно нема што нема. 
Најновите светски популарни имиња веднаш се достапни и кај нас, но цените се најголемата пречка за да се има некој омилен парфем во домот.

Во потрага да се најде нешто поинакво од она што го имаат и употребуваат сите други околу нас, во потрага да се биде поразличен и повпечатлив, во продолжение информирајте се како самите да си направите парфем по ваша желба и тоа за многу малку пари. 

Дејството на парфемот бидете сигурни дека ќе биде долготрајно исто како и на оригиналните парфеми, а вие ќе уживате во неодоливиот мирис кој ќе биде потпишан со вашето име.

За јачината на мирисот оставаме вие да одредите во зависност од тоа дали сакате посилни или понежни ноти. 

Постапката за подготвување на домашниот парфем е многу едноставна и не одзема многу време. 

Можете да направите парфем во течна состојба, но можете да направите и во форма на балсам, кој со прстите ќе го нанесувате по телото. Изборот е ваш. 

Потребни состојки за парфем во форма на балсам:
2 лажици бадемово масло
½ лажица пчелин восок
1 лажица есенцијално масло по желба
кутија од потрошено лабело или од стик дезодоранс

Подготовка:
Пчелиниот восок и бадемовото масло се загреваат во подлабок сад со постојано мешање додека не се стопат. Во нив се додава есенцијалното масло, течноста убаво се меша и додека е топла и течна ставете ја во претходно спремни и исчистени кутивчиња. Оставете ја потполно да се излади и потоа можете да ја користите. 
Интересна идеја е да го ставите парфемот во стар медалјон кој постојано можете да го носите со вас и како моден додаток и кој секогаш ќе ви биде на дофат.

napravete parfem po vasa zelba, parfem, domasen parfem, направете парфем по ваша желба, парфем, домашен парфем

napravete parfem po vasa zelba, parfem, domasen parfem, направете парфем по ваша желба, парфем, домашен парфем

Доколку сепак сакате да подготвите парфем во течна состојба, овие ви се потребните состојки:
1 и ½ лажица кокосово масло
½ лажица масло од јојоба
12 - 25 капки квалитетно есенцијално масло по желба 

Подготовка:
Сите наведени состојки ставете ги во шишенце од потрошен парфем, добро промешајте ги и мирисот кој ќе го добиете распрскајте го по телото. 
Можете да измешате неколку различни есенцијални масла за да добиете поинтересен мирис.

napravete parfem po vasa zelba, parfem, domasen parfem, направете парфем по ваша желба, парфем, домашен парфем


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 4488 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус